Зошто е важно сите производи за нега на кожа да содржат масло од јојоба?!

Кога станува збор за нега на кожата, поготово на лицето, алое вера е најпознатото растение со многубројни придобивки за кожата. Гелот кој го има во алоето помага за многу кожни проблеми, акни, црвенило и слично. Некои од вас можеби слушнале и за многубројните придобивки од маслото од јојоба. Доколку не сте забележале, погледнете на некои ефикасни креми за лице во составот, маслото од јојоба е неизбежно! Зошто е тоа така?!

1. Има супер-хидрирачки ефект. Полеснa формула од другите масла за лице и лесно се апсорбира во кожата. Длабоко навлегува во порите и ја смирува и омекнува кожата, обезбедувајќи одличен навлажнувачки ефект и додавајќи здрав сјај.

СВРТИ ГО ТРКАЛОТО НА СРЕЌА И ОСВОЈ ПОПУСТ ДО 40% ПОПУСТ ВО АЛФАЛАБ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА ПОЧЕКАТЕ 30 СЕКУНДИ ЗА ДА ВИ СЕ ПОЈАВИ ТРКАЛОТО ЗА ПОПУСТ.

ЗА ДА ЗАПОЧНЕТЕ КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

2. Долготрајна хидратација. Не исчезнува како другите навлажнувачи на база на вода, што е многу важно кога вашата кожа е изложена на надворешни влијанија.  Истражувањата покажаа дека маслото од јојоба обезбедува значителен ефект на хидратација на кожата со долго дејство.

3. Хранливо за кожата. Маслото од јојоба е полно со хранливи материи како витамин Е и Б, како и антиоксиданти и минерали како хром, бакар и цинк, кои сите ја штитат кожата.

4. Се користи против стареење. Маслото од јојоба може да помогне да се забави процесот на стареење и да помогне да исчезнат линиите и брчките. Во дерматолошки тестови, покажано е дека маслото од јојоба ја зголемува еластичноста на кожата и ефектот сè уште е присутен со текот на времето.

Тестот, исто така, покажа дека континуирана употреба на маслото од јојоба, резултира со намалување на површните линии на лицето.

5. Ги ублажува лузните од изгореници. Маслото од јојоба има хидратационо дејство, ги смирува изгорениците и помага при третирање на лузни.

6. Нежно и неалергено дејство. Маслото од јојоба се препорачува за луѓе со чувствителна кожа (вклучувајќи псоријаза и егзема) поради својата нежна природа.

7. Ја смирува сувата кожа. Маслото од јојоба има антиинфламаторни особини кои помагаат да се намали црвенилото предизвикано од сушење, да се олеснат ефектите на егзема и розацеа и да се задржи смиреноста и удобноста на кожата. Витамините Е и Б-комплексните витамини во маслото од јојоба помагаат при певитализација на кожата и контрола на оштетувањето.

8. Анти-микробен. Маслото од јојоба природно ги спречува микробите, помагајќи да се спречи растот на бактериите на кожата. Токму ова го прави корисен за оние со акни, а исто така помага при заздравување на раните. Бонус: маслото од јојоба делува како природен конзерванс.