Зошто е добро да се биде вегетаријанец?

Имено, тим составен од неколку истражувачи се обиде да ги открие предностите на исхраната базирана на растенија и дојде до заклучок дека вегетаријанците имаат 32% помалку шанси да починат или да бидат хоспитализирани заради проблеми со срцето.

„Резултатите јасно покажуваат дека кај вегетаријанците ризикот од појава на срцеви проблеми е речиси за третина помал отколку кај останатите“ – изјави Тим Кеј, професор на Оксфорд, кој учествуваше во истражувањето.

Научниците истражувањето го базирале на 45.000 луѓе од кои третина биле вегетаријанци. На сите им бил измерен притисокот и им била испитана крвта за да се утврди нивото на холестерол.

СВРТИ ГО ТРКАЛОТО НА СРЕЌА И ОСВОЈ ПОПУСТ ДО 40% ПОПУСТ ВО АЛФАЛАБ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА ПОЧЕКАТЕ 30 СЕКУНДИ ЗА ДА ВИ СЕ ПОЈАВИ ТРКАЛОТО ЗА ПОПУСТ.

ЗА ДА ЗАПОЧНЕТЕ КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

Студијата е започната уште во текот на 90-тите, а луѓето учествувале во неа до 2009 година. До крајот, 1066 луѓе кои учествувале во истражувањето биле хоспитализирани заради срцеви проблеми.

Откако ги зеле предвид сите фактори како што се социо – економската состојба, консумацијата на алкохол и нивото на образование, истражувачите дошле до заклучок дека шансите за појава на срцеви болести кај вегетаријанците се за 32% помали.