Колку сака нека е здрав, ти никогаш нема да пројадеш лук од причина што не сакаш душата да ти мириса на него и да останеш без пријатели. Од друга страна, твојот желудник многу тешко го поднесува, па постојано подждригнуваш и не можеш вода да се донапиеш.
Е за таквите како тебе, вечно сакарани со лукот, постои црна варијанта на малото, бело, моќно чешне кое има уште посилни својства, а нема мирис.
Својата моќ црниот лук ја црпи од активната компонента алицин која поттикнува во организмот повисока концентрација на хранливи материи, антиоксиданти и други корисни состојки. Ваквите покачени нивоа се одговорни за широкиот спектар на делување што му се препишува на црниот лук, бидејќи антиоксидантите обезбедуваат заштита на клетките од оксидативен стрес кој никогаш не се знае што болест ќе поттикне во организмот.
Самиот процес на ферментација на белиот лук е причината поради која црната варијанта има поголема концентрација на антиоксиданти и тоа различни типови како алкалоиди и флавоноиди.
Го намалува ризикот од срцеви заболувања
Црниот лук обезбедува заштита на срцето на тој начин што ги анулира сите фактори кои водат до срцево заболување. Го контролира вкупниот холестерол, го намалува ЛДЛ или лошиот холестерол и триглицеридите. Од друга страна, го покачува нивото на добриот ХДЛ холестерол.
Го намалува ризикот од рак
Многу студии се занимавале да ја проучат антиоксидативната моќ што ја има црниот лук врз ракот. Една студија потврди дека црниот лук го забавува прогресот на канцерогените клетки на дебелото црево. Од друга страна, компонентите во црниот лук успешно ги блокираат слободните радикали во телото. На овој начин се намалуваат клеточните штети и се лимитира растот и проширувањето на ракот во телото. Пресилно е да се каже дека црниот лук е лек за рак, но несомнено е добра превенција и поддршка за болните. Студијата, спроведена во епрувета, покажа дека екстрактот од црн лук е токсичен за ракот на бели дробови, рак на дојка, рак на стомак и рак на црниот дроб и тоа само после 72 часа делување.
Го одржува нивото на шеќер во крвта
Црниот лук одржува стабилно ниво на шеќер во крвта и на тој начин те штити од дијабетес, дисфункција на бубрезите, срцеви заболувања и инфекции. Нештата одат до таму што антиоксидантите во црниот лук спречуваат евентуални компликации кај веќе заболените од дијабетес. Во студијата од 2019-та, лабораториските глувчиња биле хранети со храна базирана на масти и шеќери, а потоа третирани со екстракт од црн лук. Резултатите покажале подобрување во метаболизмот, намален холестерол, намалено воспаление и регулација на апетитот.
Во друга студија изведена врз животни од 2019-та, било набљудувано што се случува во организмот на глувците кои консумирале високомасна храна. Оние кои пиеле екстракт од црн лук имале помало ниво на глукоза и инсулин во крвта.
Друга студија потврдува дека антиоксидантите во црниот лук спречуваат појава на гестациски дијабетес (дијабетес за време на бременост). Ниту една од 226-те трудници кои ги имале сите предиспозиции за гестациски дијабетес не го добиле, благодарение на црниот лук.
Ја подобрува мозочната функција
Црниот лук го подобрува мозочниот мемориски капацитет, но и когнитивната мозочна функција. Повторно, антиоксидантите се оние кои спречуваат воспаление и развој на непосакувани болести како Алцхајмерова или Паркинсонова болест. Нуачниците веруваат дека акумулацијата на протеинската компонента во телото позната како амилоид бета, е онаа што го поттикнува воспалението на мозокот и го зголемува ризикот од Алцхајмерова болест. Студијата спроведена врз стаорци откри дека црниот лук го намалува мозочното воспаление предизвикано од амилоид бета и ја подобрува краткотрајната меморија.
Во друга студија, истражувачите поттикнале оксидативен стрес во мозоците на стаорците. Се покажало дека екстрактот од црн лук спречил оксидативниот стрес да предизвика проблеми со меморијата.
Го штити црниот дроб
Црниот лук го штити црниот дроб од постојаната изложеност на лоша храна, штетни супстанци, алкохол, лекарства, бактерии. Не само што штити, црниот лук и го репарира веќе оштетениот црн дроб, ги намалува масните наслаги и ја ребалансира големината на клетките.
Студијата спроведена врз стаорци кои имале оштетен црн дроб, откри дека црниот лук ги намалува ALT и AST, две хемикалии во крвта кои укажуваат на оштетувања на црниот дроб.
По што се разликува црниот од белиот лук?
Да почнеме со најмалку важната особина за вашите органи, но исклучително важна за вас – црниот лук нема да ви донесе непријатен здив. Значи ќе ги ќарите сите горенаведени бенефити без да мора социјално да се дистанцирате.
Црниот лук сам по себе се одликува со импресивна нутритивна слика, содржи витамин Ц, Б витамини (Б1, Б2, Б3, Б6), калциум, магнезиум, цинк, манган, фолати, фосфор, железо. И многу повеќе антиоксиданти, аминокиселини, фитонутриенти, од белиот лук само поради тоа што подлегнал на ферментација.
Она што ги збунува луѓето е намалената концентрација на алицин во составот на црниот лук, но од друга страна тој содржи многу поголемо количество од компонентата наречена С-алилцистеин (SAC) – одговорна за апсорпцијата на алицинот. И кога ќе ставите на вага, залуден е вишокот алицин во белиот лук кога телото не го апсорбира во целост.
Dr. Viton Alizin, уникатен суплемент со ферментиран црн лук сега е достапен е во во аптекитe на: Еурофарм, Виола, Бети во други подобро снабдени аптеки, како и во дрогериите на dm и Cosmo – Тинекс!
Dr. Viton Alizin сега можеш да го нарачаш и онлајн на:
https://alfalab.mk/proizvodi/dr-viton-alizin/
Или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот )
Нарачај веднаш и Dr. Viton Alizin може да ти го доставиме уште сега на твојата домашна адреса со брза пошта!