Истражувањето кое овојпат ни доаѓа од Кина и кое траело 10 години, покажува дека жените кои редовно пиеле зелен чај имале значително помал ризик од карцином на дигестивниот систем за разлика од оние кои не го консумирале.
Според резултатите од обемното истражување, жените кои редовно конзумирале зелен чај имале за 14 проценти помал ризик да заболат од карцином на дигестивниот систем.
Истражувачите велат дека при пресметувањето на ризикот, научниците ги земале и другите фактори на ризик кои влијаат за појава на карцином.
Досегашните истражувања на влијанието на зелениот чај врз здравјето на дигестивниот систем не биле многу јасни, но ова е едно опсежно истражување чии резултати се сметаат за доста прецизни.