Луѓето кои што во својата исхрана конзумираат зеленчук со зелена боја на лисјата можат значително да го намалат ризикот од развивање на дијабетес тип 2, се вели во новата студија.
Patrice Carter, истражувач и нутриционист при Универзитетот во Лејсесштир, Велика Британија, заедно со неговите колеги, прегледаа шест поранешни студии кои што вклучиле повеќе од 220 000 луѓе каде што се испитувала поврзаноста помеѓу овошјето и зеленчукот и дијабетесот тип 2.
Заклучиле дека секојдневното конзумирање на една чинија зеленчук со зелена боја на лисјата може да го намали ризикот за појава на дијабетес тип 2 за 14%. Исто така, пронајдено е и дека конзумирањето на комбинирани овошја и зеленчуци не влијае на тој ризик.
Внес на овошје и зеленчук
Иако многу студии заклучиле дека богатата исхрана со овошје и зеленчук го намалува ризикот од срцеви заболувања и канцер, сеуште многу од луѓето имаат отпор кон овој тип на храна.
На пример:
· 86% од возрасните во Велика Британија конзумираат помала количина на овошје и зеленчук од препорачаната.
· 62% од возрасните конзумираат помалку од три парчиња овошје или зеленчук дневно.
Јадете повеќе зеленчук
Овошјето и зеленчукот можат да ги превенираат хроничните болести поради нивните антиоксиданси кои ги содржат.
Спанаќот и другите зеленчуци со зелени лисја можат да го намалат ризикот за развивање на дијабетес тип 2 поради тоа што се карактеризираат со високи концентрации на полифеноли и витамин Ц кои што имаат антиоксидантни карактеристики. Исто така, содржат магнезиум, кој што уште повеќе може да го намали ризикот.