Заведете го со вашиот стајлинг

Додека вие од петни жили се обидувате околу вашиот оутфит за да изгледате поблескаво на првиот состанок, мажите се многу поедноставни суштества. Мнозина од нив нема да забележат детали, како на пр. фризура, кармин, накит или модни додатоци. Ви ги откриваме петте парчиња облека кои им се секси на мажите.

Спортски хеланки

Има ли нешто посексипилно од женско тело во тесни хеланки, на кои се истакнуваат нозете и задницата? Иако овој моден детал им е неважен на многу жени, мажите го сметаат за секси облека.

Кратка сукња

Тесна сукња до коленици која до крај ја истакнува линијата на телото, а секој маж би сакал да види жена во ваква облека. Иако станува збор за релативно едноставно модно парче, тоа може да изгледа елегантно и секси, а при тоа да не открие ни милиметар од кожата.

Мал црн фустан

Малиот црн фустан го обожуваат и мажите и жените. Ова просто парче кое се има елеганција и сексапил, совршено ги опишува машките фантазии, на кои мажите ја гледаат фаталната убавица на коктел забава со чаша шампањско и поглед на кој не можете да му одолеете.

Тесни фармерки

Тесните фармерки се вистински магнет за мажите. Всушност, фармерките сами по себе, им се секси на мажите, а особено кога ќе ги истакнат своите атрибути, тогаш тоа е полн погодок!

Штикли

Единствено штиклите нема никогаш да ја изневерат жената. Чевлите со висока потпетица кои ги издолжуваат фигурите, се најсилен женски адут и дефинитивно број еден кога се работи за сексапил.