Задолжително млеко по секој фитнес тренинг или кардио вежби

Консумирањето на млеко по напорните фитнес вежби е поврзано со акумулација на мускулна маса и загуба на повеќе масти во споредба со потрошувачката на енергетски пијалоци базирани на шеќер, покажа истражувањето спроведено меѓу жени кои практикувале фитнес вежби барем 2 пати во текот на неделата.

Лекарите од McMaster University утврдиле дека жените кои конзумираат по 2 чаши млеко по потешки физички вежби (кревање тегови) имаат значително подобри резултати.

Авторите потсетуваат за претходното истражување дека слични резултати се забележани и кај машкиот пол.

Напорното вежбање обично не е типичен избор за жените, но од студијата е пронајдено дека вежбањето е поврзано со многу здравствени придобивки како што се враќање на енергијата, коскената издржливост и подобрување на метаболните параметри.

Во рамките на 3-месечниот период, тимот проследил 256 млади жени, кои практикувале потешки физички вежби. По секој тренинг дел од жените консумирале 500 мл ниско калорично млеко, додека остатокот од нив – пијалоци базирани на вода и шеќер.

Жените кои конзумирале млеко, додале релативно малку тежина – и тоа главно поради балансот во однос на акумулација на чиста маса/губиток на маснотии.