Маури Новак од МН Дизајн студиото од Мелбурн ја претстави необичната креација на масичка за кафе наречена Призма.
Од секој агол оваа Призма масичката со димензии 120x120x46 см изгледа поинаку благодарение на светлината која минува во вградените кристалчиња.
Без разлика од која страна ќе ја погледнете не само што го менува дизајнот туку и боите исто како што призмата ја рефлектира на различен начин светлината.
Серијата ќе биде пуштена во продажба веќе од 15 февруари, но цената се уште не е позната.