Високите потпетици низ историјата … некогаш и сега … секогаш посакувани од дамите (ВИДЕО)

Во музејот Кунстхал во Ротердам се отвори изложбата која ја прикажува историјата на дизајнот на женските чевли од 1900 година до денес.

cevli 2

Изложбата насловена S.H.O.E.S прикажува над 500 чифта чевли создадени од најпознатите креатори на чевли од минатото, а од  современите креатори, претставени се моделите на Ферагамо, Маноло Бланик, Кристијан Лубутен, но и модели на дизајнери во подем.

За оние кои имаат прилика да го посетат Ротердам, изложбата која ќе биде отворена до 11 мај, е изонредно модно искуство.