Младата мајка Џесика Шајба на својот блог „мамас гон сити“ редовно објавува интересни лајфстајл фотографии, но оваа фотосесија е исклучителна.
Џесика е блогерка од 2009 година, а на својот блог пишува за патувања, стил, за различни животни ситуации, мајчинството и останати интересни теми. Но светот слушна за неа деновиве, кога ги објави фотографиите од своите деца кои станаа набргу хит на Интернет.
Најголемото внимание секако го доби нејзиниот најмал син Боу кој заедно со кученцето Тео станаа главна Инстаграм атракција.
Џесика на оваа популарна социјална мрежи има над 299 382 пријатели кои секојдневно ги развеселува со преслатките фотографии, а токму и благодарение на таквите фотографии добила неколку одлични деловни понуди кои со задоволство ги прифатила.