Пушењето не само што предизвикува многу заболувања туку влијае и на квалитетот и должината на животот.
При тоа, по податоците од светската здравствена организација (СЗО), секоја година одзема шест милиони животи ширум светот.
Бројни студии потврдија дека консумирање на тутун и тутунски производи како и изложување на чад од тутун или т.н. пасивно пушење значително допринесува за заболување, инвалидност и предвремено умирање во сите старосни групи.
По повод светскиот ден на непушачи стручњаците истакнуваат дека по последиците за здравјето на луѓето, не постои разлика помеѓу активното и пасивното пушење.
Секаков вид на изложеност на чад од тутун предизвикува сериозни оштетувања на респираторниот систем, срцето и крвните садови, кожата, коскениот систем, репродуктивните органи, мозокот како и појава на малигни неоплазми.
Значајна изложеност на пасивното пушење ги потврдуваат резултатите на истото истражување по кое повеќе од половина од испитаниците се изложиле на чад од тутун од други пушачи во сопственото домаќинство, 44 отсто се изложиле на чад на работно место, а 52 отсто од други пушачи на јавно место.
По резултатите од глобалното истражување кога станува збор за пушење кај млади се бележи намалување на потрошувачката на тутунски производи кај децата и младите, а во 2013 за разлика од 2008 година, бележиме намалување од 14 на 12 отсто кај постојаните пушачи, како кај мажите така и кај жените. Пасивното пушење кај младите исто така бележи пад.
Регионалната канцеларија на светската здравствена организација со слоганот „Да ја запреме илегалната трговија на тутунски производи“ оваа година предупредува на јавното здравствено значење на нелегалниот промет на тутунски производи кои значително ги загрозуваат економиите ширум светот.
Во 2012 година, светската здравствена организација донесе протокол по кој со рамковна конвенција за контрола на тутунот по пат на меѓународни договори се решаваат илегални трговии со тутунот, а целта е да се тргнат сите облици на незаконска трговија со тутунот и тутунските производи. Поради решавање на илегалната трговија, протоколот воспоставува активности и целни одговорности во вид на одземање и згрижување на запленетите производи, како и плаќање на казни.