Подготовка:
1. Кромидот, целерот и морковот се чистат и се сечат на коцки.
2. Пилешките гради, исто така, се сечат на коцки.
3. Брокулата исчистете ја од коренот и искршете ја на помали парчиња.
4. На малку масло пржете го кромидот, а потоа додадете ги морковите и целерот и пржете ги кратко.
5. Потоа додадете го пилешкото и продолжете со динстање додавајќи вода по потреба, додека месото целосно да омекне.
6. Истурете 2 литри вода и оставете да зоврие. Додадете ја брокулата и зачините по вкус и гответе ги сите состојки додека да омекнат.
7. Кон крајот додадете густин разреден во малку вода и продолжете со готвење додека да ја добиете саканата густина.
8. Во готовата супа додадете сок од лимон, павлака за готвење и иситнет магдонос.
Потребни состојки:
– 300 g пилешко бело месо
– 2 главици кромид
– 80 g целер
– 2 моркови
– 1 мала брокула
– 1 лимон
– 2 дл павлака за готвење
– 1/2 врзоп магдонос
– 2 лажици густин
– мешавина од зачини
– масло