Витамините и нивните благодети

Вредноста да се јаде посебна храна за да се одржи здравјето била позната уште многу пред витамините да бидат идентификувани. Античките Египќани знаеле дека еден човек хранејќи се со црн дроб може да се излекува од ноќно слепило, болест за која сега се знае е предизвикана од недостиг на витамин А. 
Во оваа статија ќе се обидеме да ви укажеме кој витамин какво дејство има врз човековото тело и кои се изворите на витамините.
Витаминот А е антиоксиданс, го јакне имуниот систем и е неопходен за обновување на кожата, а го спречува и стареењето. Витаминот А го спречува развојот на ракот на кожата. Тој и го враќа сјајот и природната убавина на кожата. Тој се формира од каротинот во темножолтиот и зелен лиснат зеленчук, жолток од јајце, риба, црн дроб.
Витамините од групата Б се исклучително важни за здравјето на кожата, на косата, на ноктите, но многу се важни и за одржување на здравјето на нервниот систем. Помагаат во создавањето на антитела кои не штитат од инфекции.
Недостатокот на витамини од групата Б предизвикува промени на кожата, на слузницата, оток на јазикот и испукани усни. Често при недостаток на витамини од групата Б се јавува и пореметување на сонот, депресија, нервоза и вознемиреност
Б1 го има во  Месо, црн дроб, јајца, лушпи од жито, мешунки, орев и др.
Б2 витаминот е застапен во Млеко, јајце, риба, внатрешни органи, спанаќ, грашок и др.
Б6 Мешунки, житни и градинарски растенија, јајца, црн дроб, млеко и др.
Б12 се наоѓа во  Месо, пилешко, риба, жолток од јајце, црн дроб…
Витаминот Ц го зајакнува имунолошкиот систем на организмот.
Витаминот Ц има повеќратни дејства, создава отпорност спрема стрес, клучен е за апсорпцијата на железото, ги јакне коските, мускулите и забите, ги намалува воспалителните процеси. Овој витамин се препорачува како превентива, но и за побрзо заздравување од болести, бидејќи ја враќа енергијата и имунитетот.
Можете да го консумирате преку сите свежи овошки, зеленчук, особено во пиперките, шипките, доматите и др.
Витаминот Д се создава со изложување на кожата на сонце. Човечкото битие добива 90% од своите потреби за витаминот Д од сончевата светлина тоа доведува до недостаток на витаминот Д, а со тоа и до поголем ризик од развој на остеопороза.
Тој е делотворен во борбата против стареењето на целиот организам. Ја враќа еластичноста на кожата, ја подмладува, ја штити од изгореници, и ја штити од појава на рак.