Витамин К2, исто така познат како менакинон, е вклучен во коагулацијата на крвта, здравјето на коските и регулирањето на некои клеточни функции во човековото тело. Витаминот К2 е исто така важен за регулирање на клеточниот раст и за одржување на ѕидот на артериите.
Позитивни страни:
Помага при зацврстување на коските и забите;
Ги подобрува когнитивните активности
Го намалува воспалението и помага при одредени автоимуни заболувања
Го намалува ризикот од срцеви заболувања и ја подобрува циркулацијата.
Негативни сграни:
Луѓето кои примаат разредувачи на крв треба да ја ограничат дозата на К2 само што вообичаено се внесува со исхраната.
1) Витамин К2 помага да се спречи остеопорозата и го подобрува здравјето на коските
Во една студија направена на жени по менопауза, на учесниците со повисоко ниво на витамин К2 успеаа да се спречат фрактури на коските и да се подобри јачината на коските. Истражувањата покажале намалување на фрактурите кај 80% кај пациенти со остеопороза се овозможени со конзумирање на К2 додатоци. Недостатокот на витамин К2 може да доведе до заболување на артериите и остеопороза. Ниските нивоа на витамин К се причина за зголемено воспаление, фрактури и болка во коските.
2) Витамин К2 помага при спречување срцеви болести
При поголемо внесување на витамин К2 постои помал ризик од срцеви заболувања. Со 10 микрограми дневно од К2, ризикот од срцеви заболувања бил намален за 9%. Витаминот К2 го спречува калциумот да се депонира во артериите, при што помага да се спречи срцева болест.
3) Витамин К2 гi намалува воспалениjата
Со поголемо количество на витамин К, шансите за воспаление се многу мали и исто така учествува во намалувањето на ЦРП. Доколку не се внесува потребната доза на витаминот К, постојат големи шанси за губење на коскената маса.
4) Витамин К2 помага при автоимуни заболувања
Се покажало дека внесувањето на витамин К реагира позитивно при автоимуните заболувања како мултиплекс склероза Кај лица со ревматоиден артритис, дневната доза од 45mg витамин К2 е одлична за спречување други болести.
5) Витамин К2 ја засилува митохондријалната функција
Витаминот К2 им помага на електроните при транспортот во митохондриите, слични на убиквинон, кој помага во засилување на митохондријалната функција и создавање на енергија. Во модел на Паркинсонова болест, К2 помогнал со подобрување на митохондриите.
6) Витамин К2 помага при третирање на некои видови рак
Зголеменото количество К2 помага при намалување на ризикот до 63% од напреднат карцином на простата. Тој се користи и за уништување на рак во белите дробови. Истражувањата покажуваат придобивки од употребата на витамин К2 за лекување на пациенти со акутна леукемија и миелодиспластични синдроми. Витамин К2 го намалува повторувањето на ракот на црниот дроб. Витаминот К2 оди добро со други третмани како што е хемотерапијата, каде што се покажало дека помага да се спречи растот на тумори и канцерогени клетки.
7) Витамин К помага при работата на мозокот
Витаминот К2 е главната форма на витамин К што го користи мозокот. Истражувањата покажаа дека пациентите кои се во рана фаза на Алцхајмерова болест консумираат помалку витамин К отколку што е потребно.
Како да го зголемите нивото на витамин К2 на природен начин:
Пилешко, свинско, говедско месо, жолчки од јајца, салами, млеко и сирење.