Недостатокот на витаминот K2 во организмот резултира со крути, нееластични артерии и порозни коски, подложни на кршење. Затоа витаминот К2 е неоходен во процесите на вградувањето на калциумот во коските.
Остеопорозата е метаболно заболување на коскениот систем, чија основна карактеристика е намалување на коскената маса по единица волумен и структурни нарушувања во самото коскено ткиво.
Тоа доведува до постепено намалување на еластичноста на коските и до појава на скршеници, посебно во пределот на бутот и зглобовите. Овие скршеници се јавуваат и при мал физички напор или повреда. Во потешките форми на остеопороза може да дојде и до искривување на ‘рбетот. При остеопорозата постои зголемена порозност на коските.
Остеопорозата често е нарекувана „тивка болест“ бидејќи губењето на коскена маса се случува без никакви симптоми. Луѓето најчесто не знаат дека имаат остеопороза, сè додека нивните коски не станат толку слаби да при движење или изненаден мал пад не се скршат. Најчесто се јавуваат скршеници на колкот и колапс на телото на прешленот од `рбетниот столб.
Скршеницата на коската се јавува како последица на слаби механички удари, па дури може да се јави и при нагло движење. Ова е пропратено со чувство на јака коскена болка, поради која и пациентите се јавуваат на лекар.
Повеќето стручњаци им советуваат на жените во менопауза редовно да ја мерат густината на коските и да земаат суплементи, но исклучиво под контрола на лекар. Не можете да отидете во аптека, да купите калциум и витамин Д3 и да ги пиете на своја рака, бидејќи последиците се несогледливи.
Најновите истражувања, спроведени на 1 500 жени постари од 55 години, докажале дека препаратите на калциум, кои жените ги земаат како додаток на терапијата на остеопорозата можат да го зголемат ризикот за настанување на инфаркт на срцето за 50%.
Според зборовите на лекарите, препаратите на калциумот и понатаму се задолжителен додаток на терапијата на остеопорозата, како и витаминот Д3, бидејќи тој ја потпомага ресорпцијата на калциумот.
На кој начин витаминот K2 ја одржува цврстината на коските и ги штити крвните садови?
Како еден од есенцијалните фактори во коскениот метаболизам, витаминот K2 има способност да го активира остеокалцинот, протеин кој го транспортира калциумот и го вградува во коските. K2 витаминот го поттикнува и матрикс-гла протеиннот, кој како сунѓер го впива вишокот на калциумот во циркулацијата и го елиминира од организмот.
Во оваа врзана форма, калциумот не се таложи во бубрезите. Ако овие витамини не се „потпомогнати“ од витаминот K2, тие нема да го врзуваат калциумот и нема да го транспортираат.
Дневните потреби за витаминот изнесуваат 45 микрограми. Најголеми произведувачи на витаминот K2 се некои соеви на ешерикија коли, кои природно се наоѓаат во нашите црева.
Овие бактерии можат да го произведат витаминот K2 во количина доволна за еден месец. Па сепак, во многу случаи на остеопороза, откриен е дефицит на витамин K2.
Како е тоа можно кога веќе имаме сопствен „произведувач„ на витаминот K2?
Причина за недостаток на витамин K2 во организмт може да биде земањето на антибиотици, на нестероидни антивоспалителни лекови (салицилати и други), или исхрана со намирници кои природно содржат големи количини на салицилати.
Пробај уште денес! Одбери Dr. Viton – K2 KOMPLEX
Пробај уште денес!
Dr. Viton – K2 Komplex можеш да го набавиш и во аптекитe на: Еурофарм, Виола, Галениум, Бети, во сите други подобро снабдени аптеки, како и во ДМ-дрогериите и Cosmo – Тинекс!
Нарачај го веднаш онлајн на: https://alfalab.mk/proizvodi/k2-komplex/ или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот )
Dr. Viton – K2 Komplex ќе ти го доставиме на твојата домашна адреса со брза пошта!