Вежби за обликување на нозете

Секоја физичка активност со топка е многу динамична. Од овој факт поаѓаме и во фитнесот. Топката секако е  отпор, но ако добро се употреби ќе ни стане предност и пат кон успехот.

Најдобри вежби за нозете се дефинитивно „чучњеви“ и исчекори. Самите по себе се сложени и бараат доста енергија , а ако ја вклучите и топката ќе станат уште потешки, но и позабавни.

Чучњеви со топка

Застанете во почетна позиција за чучњеви, топката е во рацете. Прво, исфрлете ја топката околу 20 см над главата, а потоа, додека паѓа топката, вие се спуштате и чучнувате .

Топката кога паѓа добива забрзување а со тоа прави дополнителен отпорот, потоа се поткрева телото од чучњевите и повторно се исфрла топката назад на висина од околу 20 см над главата

Топката може да се користи во други варијанти на чучњеви, а најдобро е да ја комбинирате со вежби за рацете и на тој начин да активирате повеќе мускулни групи

Исчекор со топка

Одличен исчекор со топката може да биде исчекорот во страна, а потребен ви е и партнер или тренер кој ќе ви помогне. Застанете во широк расчекор , топката е во партнерот.

Како топката лета кон вас, правете кружни движења со телото и спуштајте се во исчекор . Топката дополнително ќе го активира кружењето на телото но, исто така, ќе биде сериозен отпор за  мускулите на нозете и седалните мускули.

Кај исчекорите во движење, исто така, може да се употреби топката како и кај свиткувањето, но и при отклонот кон назад .

Користа од топката не е само нејзината тежина, туку многу поважно е дека во вежбите со топка, вашата концентрација е насочена на фаќање и фрлање, а не само  на изведување и броење на повторувањата. Со тоа работата на вежбањето како и самиот број на повторувања значително ќе се зголеми.