Вечно млади со тајната состојка скриена во секое зрно гројзе – Ресвератрол

Богато со витамини и овошни киселини кои длабоко ја чистат кожата, грозјето одговара на сите типови на кожа, но особено се препорачува за повозрасни жени поради неговото дејство против стареење. Антиоксидансите кои се наоѓаат во семките на грозјето одлично се борат со слободните радикали кои предизвикуваат стареење на кожата. Токму затоа оваа маска е позната и како еликсир за подмладување.

За да го подготвите овој еликсир за подмладување малку ќе мора да се помачите. Прво треба да ги извадите семките од неколку зрна грозје и добро да ги изгмечите. Потоа на згмечените семки додадете половина лажичка пченкарно масло. Измешајте, па смесата нанесете ја на лицето. Маската оставете ја да делува на лицето половина час, потоа отстранете ја. Треба да се напомене дека белите сорти грозје се подобри за светол тен, а црните за потемен тен.

Ако оваа маска ви изгледа комплицирана за подготвување, еве уште една која полесно се подготвува. Земете 20 зрна грозје, изгмечете ги со вилишука и додадете една лажица течен мед. Потоа, додадете малку вода за да не биде смесата прегуста. Маската се држи на лице десет минути.