Ве мачат алергии? Ова е најдобрата храна која ќе ги редуцира симптомите

Затнат нос, течење на носот, кивање, чешање и солзење на очите, промени на кожата, сето тоа се алергиски појави со кои се соочуваме. Запрете го прогресот на алергиите кога ќе ги согледате овие први знаци. Со следниве 6 намирници можете да ја сопрете и потполно да ја запрете алергијата.

Овие намирници можат да го одбранат вашето тело од секој потенцијал да ви се јави алергија:

  • Лук и кромид- флаваноид која делува како анестетик. Тој произведува супстанци кои ја блокираат алергиската реакција.
  • Броколи – делува на отворање на синусите, и броколито има антиалергетско дејство. Богата е со витамин Ц кој го намалува нивото на хистамин, кој ги предизвикува алергиите. Потребни се околу 500 мг витамин Ц за да ги ублажи симптомите на алергија. Во една шоља броколи содржи дури 80 мг од овој витамин. Доколку не сте љубител на овој зеленчук, можете да го замените со зелка и карфиол.
  • Морков – богата со каротен, природно делува на појавата на алергија. Нејзиното богатство лежи во бета каротенот, но се препорачува заедно со неа да се внесуваат ликоптен и лутеин, кои што можете да ги најдете во доматот и во зелените лиснати зеленчуци.
  • Кељ – има слично дејство како броколите, го намалува течењето на носот и помагаат при затнатост во носот. Кељот е богат со витаминот, ги ублажува симптомите и го зајакнува имунитетот. Истражувањата покажаа дека лицата кои имаат недостаток на витамин А, најчесто боледуваат од астма.
  • Тиква – богата е со витамините А и Ц, цинк, а тоа ја прави одличен борец со алергиите. Најдобра е кога се користи како додаток на исхрана.
  • Целер – Помага да се намали високиот крвен притисок и делотворен е при алергии. Најдобро е да го консумираме подготвен на пареа, бидејќи на тој начин можат да се сочуваат сите битни состојки

    Александра Малова