Секоја жена барем еднаш во животот се соочила со вагинална инфекција од различен тип.
Според истражувањата, постојат две најчести вагинални инфекции кои секоја жена ги имала барем еднаш во животот.
Бактериски вагинитис е најчеста инфекција која се јавува кај 50% од жените на светско ниво. Оваа инфекција се појавува кога се појавува промена на бактериите кои нормално живеат во вагината и предизвикуваат брз пораст на организми како Гарднерелавагиналис (Gardnerellavaginalis).
Ризик фактори за добивање на овој тип инфекција се бременост, употреба на контацептивна дијафрагма и туширање неколку пати дневно. Исто така, сексуалните односи, нов сексуален партнер или повеќе сексуални партнери во исто време, се главните причинители на оваа инфекција.
Докажано е дека бактериски вагинитис не живее на тоалет школките во јавните тоалети, кадите или базените за пливање.
Според процентуалната застапеност, втора на списокот е Кандида албиканс (Candidaalbicans), или кандидијаза, се јавува на усните и во внатрешноста на вагината, но многу често може да се прошири и на другите делови од телото. Кандидијазата се смета дека не е сексуално пренослива болест, но 12% од мажите се жалат на чешање и црвенило на пенисот по однос со жена која има кандидијаза.
Инфекцијата настанува со зголемување на бројот на габи во вагината, а оваа појава може да биде предизвикана од: употреба на антибиотици, дијабетес, бременост, контрацептивни таблети, менопауза и други хормонски промени, употреба на стероиди и долна облека која не е памучна.