ВАГИНАЛЕН ИСЦЕДОК: Што се мора да знаеш за оваа појава и кога задолжително се оди на гинеколог

Бројни се табуата за женското тело, а едно од најголемите веројатно е она за вагиналниот исцедок. Затоа веднаш на почетокот треба да знаеш дека вагиналниот исцедок е нормален е го има секоја жена.

За жал, многу жени немаат можност отворено да постават прашања за интимните појави, како што е вагиналниот секрет, а можеби и да не знаат кому да се обратат за помош. Затоа ќе се обидеме да ја демистифицираме оваа тема.

Вагиналниот секрет може да биде со различна боја и мирис, во некои денови ќе биде појак, некогаш послаб, но се случува и главно не е причина за аларм. Тоа едноставно е начин на кој вагината се чисти од штетните бактерии и мртвите клетки и е сосема природна појава.

СВРТИ ГО ТРКАЛОТО НА СРЕЌА И ОСВОЈ ПОПУСТ ДО 40% ПОПУСТ ВО АЛФАЛАБ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА ПОЧЕКАТЕ 30 СЕКУНДИ ЗА ДА ВИ СЕ ПОЈАВИ ТРКАЛОТО ЗА ПОПУСТ.

ЗА ДА ЗАПОЧНЕТЕ КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

Со оглед дека за него ретко се зборува, жените генерално се плашат штом забележат дека вагиналниот секрет ја сменил бојата и изгледот. Стручњаците велат дека некои промени се нормални и очекувани за време на менструалниот циклус, додека во некои случаи е препорачливо да се побара совет од гинеколог. 

Нормално: Проѕирен секрет

Секрет кој го имате секој ден и е поврзан со менструалниот циклус, па ќе биде нешто послаб веднаш после менструација, а нешто посилен пред овулација. Исто така, можеби ќе забележите дека се засилува после вежбање или сексуален однос.

Нормално: Млечнобел секрет

Ваков секрет, исто, може да се појави за време на циклус, особено во првата половина. Главно не укажува на ништо опасно, но ако имате уште некои симптоми како што е чешање и забележувате дека станува густ можеби станува збор за габична инфекција.

Нормално: Растеглив секрет

Телото се подготвува за бременост и количеството на естроген расте околу овулацијата, па тогаш имате посилен секрет од обично и толку е растеглив што може да се развлече меѓу прстите. Се вика уште и „плодна слуз“ и всушност е знак дека можете да забремените.

Нормално: Бледорозов секрет

Ако забележите благо розова боја пред менструалниот секрет. Веројатно, наскоро ќе добиете. Но ако таков секрет се појави на средина од циклусот, тоа би можело да биде ран знак за бременост!

Внимание: Густ, грутчест секрет
Додека млечнобелиот секрет е нормален, оној налик на зрнест не е! Тоа е симптом за габична инфекција. Не е лошо веднаш да појдете кај својот гинеколог.

 Внимание: Секрет со мирис на риба

Ако забележите мирис на риба, тоа би можело да е симптом на бактериска вагиноза, инфекција предизвикана од бактерии во матката. Таа болест обично се лекува со антибиотици, па морате да појдете на преглед.

Секоја жена е приказна сама за себе. Она што кај една жена е нормално, за друга може да биде симптом на предупредување. Најважно е да го следиш твоето тело и да реагираш веднаш штом забележиш нешто невообичаено.