Трикови за сочни & нежни усни

Секој од нас имал проблем со суви и испукани усни кои се последица од ладното време. Дали постои нешто со што може да се превенира ваквата состојба?

Повеќето луѓе имаат проблем со суви и испукани усни. Има многу начини кои можат да ви помогнат за да ги лекувате и превенирате сувите и испукани усни.

Заштитете ги усните. Користете крем врз база на масло или балсам за усни. Пред да се изложите на ладно и суво време, аплицирајте од балсамот или од кремата и покријте ги усните со шал. Ова практикувајте го често.

Избегнувајте да ги подлижнувате усните. Плунката испарува брзо, и ги остава усните посуви отколку што биле пред да ги навлажните со плунка. Ако имате ваква навика, избегнувајте балсам со вкус – кој ќе ве тера почесто да го правите ова.

Останете хидрирани. Пијте многу течности, и по можност одржувајте го воздухот влажен.

Избегнувајте алергени. Избегнувајте контакт со иританти и алергени, како што се парфемите и боите за коса.

Дишете низ нос. Дишењето низ уста помага при брзото сушење на усните.

Ако состојбата е многу лоша и третманите не помагаат консултирајте се со доктор. Многу ретко, суви и испукани усни се причина за некоја болест или состојба.