Не треба магична состојка, ниту волшебница да ви ги каже магичните зборови. Ѕирнете што има во кујната, таму е тоа што ви треба.
Имате ли малку пресно млеко и леб? За некого вкусно за некого не, сепак, сите сме пробале. Сега може да ги искористите истите намирници и да направите убава маска против темните подочници.
Подготовка:
Натопете малку леб во топло млеко и нанесете од оваа смеса околу очите.
Нека отстои дваесетина минути. Правете ја секојдневно додека не забележите подобрување.
Маската е добра и за целото лице бидејќи ја прави кожата мазна, свежа и тонизирана.