Новото истражување кое ни доаѓа од универзитетот во Мичиген потврдува дека шопингот е одлична терапија против депресија, тага, незадоволство…
Научниците тврдат дека купувањето е ефикасен начин за намалување на тагата, а шопинг-терапијата им помага на луѓето да ја надминат и меланхолијата.
Истражувањето имало цел да докаже дали шопингот на луѓето им го враќа чувството на контрола во миговите кога се борат со чувството на тага. Резултатите велат дека купувањето на нешто што ни направило задоволство и за 40 отсто го враќа чувството за контрола и дека луѓето кои нешто купиле три пати се посреќни од оние кои само гледале во излозите.
Купувачите уживаат во позитивното чувство размислувајќи за работите што си ги купиле. Испитаниците во најголем број од случаите чувствувале помала тага после шопингот.
„Нашето истражување покажува дека шопингот помага во враќањето на чувството за контрола врз сопственото опкружување и ја намалува тагата. Ние докажавме дека сите досегашни истражувања кои тврдат дека не треба да се оди во шопинг доколку сте тажни зашто ќе купите погрешни работи кои дополнително ќе ви го влошат расположението, паѓаат во вода. Шопингот се докажа дека е терапија која и тоа како може да влијае на намалување на тагата“, велат научниците.