Тапинг или т.н техника за емоционално ослободување (ЕФТ) е една од најновите техники која се употребува и за ослободување од стресот. Интересно за оваа техника е тоа што таа се базира врз знаењето од кинеската акупресура и модерната психологија.
Оваа техника се изведува така што со врвовите на прстите се тапка одреден број пати (најчесто од 7 до 9) на точно одредени меридијански точки во телото, со цел да се отстранат енергетските блокади и за да се намалат негативните чувства и емоции.
Тапингот е многу понеинвазивна техника во споредба со акупунктурата, бидејќи ги прати истите енергетски линии, но без употреба на игли.
Потребно е само да се корисат сопствените прсти и нежно да се тапка на одредени меридијански точки, а притоа да се мисли на едно нешто што ни предизвикува стрес, болка или анксиозност.
Овој тип на антистрес техника се смета дека е делотворен затоа што има способност да испраќа пораки до амигдалата, кој е токму оној дел од нашиот мозок кој е одговорен за поттикнување на стресниот одговор во нашите тела.
Со стимулација на меридијанските точки со тапинг, со тек на времето, се очекува да се намалат тензијата, стресот и негативните емоции.
Оваа техника без оглед како личи на прв поглед воопшто не е тешка, и еве како се изведува:
- Прво најди место каде што ќе се чувствуваш удобно, и никој нема да те вознемирува.
- Потоа избери еден проблем кој би сакал да го решиш, затоа што во една сесија на тапинг целото внимание треба да е свртено само кон еден конкретен проблем.
- Оцени го почетниот интензитет на проблемот на скала од 0-10, такашто 10 ќе значи најлошо.
- Пред да ја започнеш сесијата, треба да избереш кратка фраза која ќе ја повторуваш потчукнувајќи на точката наречена карате удар. Оваа кратка реченица би требало да го адресира проблемот, односно практикантот треба да го препознае проблемот и да се прифати себеси во целост без оглед на тој проблем. Вообичаено оваа реченица гласи: „Иако го имам овој (страв или проблем) јас длабоко и целосно се прифаќам себе”.
- Оваа фраза треба да се повторува и при секоја тапинг рунда, при тапкањето на секоја поедина точка.
Тапинг точките се следниве:
- Карате удар – во центарот на месестиот дел на надворешниот дел на дланката. На оваа точка додека се потчукнува, трипати се повторува почетната фраза, потоа се започнува целата сесија со тапкање на поединечните точки по напишаниов редослед подолу, почнувајќи од веѓата, а завршувајќи со врвот на главата. Притоа се повторува скратена фраза на онаа почетната (два до три пати) односно се кажува само од што се ослободуваме, најчесто тоа е чувство кое конкретниот проблем го буди во нас.
- Веѓа – се однесува на внатрешниот дел, токму над и странично од носот
- Странично од окото – се наоѓа на коската на надворешниот дел од окото
- Под окото – се наоѓа на коската под окото, околу 1 милиметар под зеницата
- Под носот – ова е делот помеѓу носот и горната усна
- Точка на брадата – на пола пат меѓу долната усна и крајот на брадата
- Точка на почетокот на клучната коска
- Точка под раката – се наоѓа на страната од телото, околу 4 милиметри под пазувата
- Врв на главата – токму во централниот дел на врвот од главата.
На крајот се препорачува да се оцени повторно интензитетот на проблемот кој се обидуваме да го отстраниме, и се очекува резултатот да е понизок од почетниот, а со тек на практикување на оваа техника се очекува да се постигне и резултат нула.
ЕФТ е техника за самопомош чија популарност низ светот се повеќе се зголемува, делувањето и е поткрепено и со докази. Делува позитивно и помага при стрес, анксиозност, лутина, тага, секакви негативни чувства и зависности, за менаџирање на хронична болка, ПТСД и многу други состојби.
И кога оваа нова техника ќе ја комбинирате со добро проверената техника за менаџирање на стресот, уморот, исцрпеноста, наречен Dr. Viton Magnezan B6, несомнено ќе стасате до среќното место што го посакувате.
Оваа исклучително добра симбиоза помеѓу минереалот и витаминот ја сака цел организам, стартувајќи од мозокот отруен од стрес, потоа срцето кое чука како лудо, па се до најситното нервно влакненце во телото. И магнезиумот и витаминот Б6 го намалуваат нивото на кортизол, хранејќи ги клетките со среќа или серотонин.
Зошто токму Dr. Viton Magnezan B6? Бидејќи една таблетка дневно е доволна за да ги задоволите дневните потреби и плус Б6 ќе ја зголеми апсорпцијата на магнезиумот за 40%.
Одбери Dr. Viton – Магнезан Б6!
Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6
Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.
Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)