Тајниот коктел за долговечност… Ви го откриваме тајниот рецепт

Состојките кои ги користиме за правење на коктелот се одамна докажани како ефикасни за справување со многу состојби во организамот.

Се пие секое утро по еден филџан, а има улога да го штити срцето и крвните садови, да помогне во подобрување на крвната слика, може да го зема секој како превенција од кардиоваскуларни болести, специфичен е и за луѓе кои патат од анемија.

Потребни состојки:

  •  2 л. Црно вино
  •  200 г Мед
  •  100 г Свеж лист од коприва
  •  100 г свеж лист од дива коприва

Начин на приготвување:

Најпрво виното, листовите од коприва и дива коприва измешајте ги заедно. Оставете ги така да стојат 24 часа. Откако ќе поминат 24 часа процедете и течноста ставете ја на оган. Оставете ја на оган се додека не забележите дека започнува да врие. Пред да започне да врие додадете го медот. Откако ќе го додадете медот, промешајте и веднаш тргнете го садот од оган.

Течноста ставете ја во шише и секое утро на празен желудник пијте по еден филџан.

Вкусот е одличен може да се конзумира без проблем.