Стресот е нормален дел од животот, но ако започне да се претвора во нешто што може да завладее со твојот живот, тогаш неопходно е да си ја вратиш својата моќ!
Ако стресот продолжува да трае и да трае, а ти не преземаш ништо, ризикуваш тој негативно да почне да влијае врз твоето физичко и ментално здравје.
Нашиот физиолошки одговор кон стресот е таканаречениот „бори се или бегај“ одговор. Сите сме го почувствувале и тоа повеќе од еднаш, тогаш срцето почнува забрзано да чука, дишењето се забрзува, мускулите се напнуваат, но сето ова може да не исцрпи доколку трае подолго од што реално е потребно.
И затоа, без премногу да одолговлечуваме, еве што ти би можел да направиш за да си помогнеш себе си и за да го зачуваш своето здравје:
Диши, но издишувај подолго
Една неодамнешна студија, спроведена на универзитетот Јеил, уште еднаш покажала дека длабокото дишење е една од најефикасните техники за менаџирање на стресот и на состојбите поврзани со него.
Длабокото дишење функционира така што предизвикува релаксирачки одговор од парасимпатичкиот дел на нервниот систем или, со други зборови, му помага на твоето тело да не влезе во „бори се или бегај“ состојбата, со што се намалува стресот.
Доколку и ти сакаш да го испробаш овој пристап за намалување на стресот, земи во предвид дека вдишувањето го забрзува пулсот, а издишувањето го забавува.
Затоа, секогаш кога си вознемирен или под голем стрес и сакаш брзо да се опуштиш, обиди се свесно да го забавиш дишењето и секогаш времето на издишување да ти биде подолго.
Вежбај, но не се откажувај!
Физичката вежба веќе долго време се посочува како еден од најдобрите начини за намалување на стресот и навистина е!
Многу студии имаат покажано дека било која форма на вежбање успешно може да го намали стресот, но за да се постигнат позитивните придобивки, потребно е подолго време редовно да се вежба и да нема откажување.
Вежбањето го намалува стресот и го подобрува расположението и ја поткрева самодовербата. Тоа го постигнува со зголемување на производството на неуротрансмитерите во мозокот кои стимулираат добро расположение како што се ендорфините.
И затоа, ако навистина сакаш да се чувствуваш среќно, најди си физичка активност во која би можел да уживаш!
Што и да избереш, доколку си упорен и редовен, успехот е неминовен! И најдобрата вест е што нема што да загубиш, освен што би можел да си го подобриш своето ментално и физичко здравје и севкупниот квалитет на животот.
На пример, во Харвард, било спроведено истражување со кое се докажало дека јогата е неверојатно добар начин за ослободување од стресот.
Истражувањето покажало дека јогата не само што може да го модулира одговорот на мозокот кон стресот, туку може да ја зголеми и издржливоста кон него со тек на времето.
Што значи дека јогата, доколку редовно вежбаш, би ти помогнала полесно да се справиш со секојдневниот стрес, но истовремено би те направила да бидеш и поотпорен кон предизвикувачите на стрес во ова модерно време.
Користи го својот глас
Некои научници тврдат дека стресот кој го доживуваме, е резултат само на тоа што не го пуштаме да си оди од нас.
Еден од најлесните начини за отпуштање на стресот е користењето на сопствениот глас. Со други зборови, прави што ќе правиш, вришти, викај, пеј, само отпушти го насобраниот стрес за твое добро.
Некои експерти велат дека дури и воздивнувањето може да ја ослободи насобраната тензија во горниот дел од твоето тело.
А доколку се одлучиш да ја запееш твојата омилена песна, не само што успешно ќе си го намалиш стресот туку истовремено ќе си го подобриш и расположението, бидејќи пеењето гарантирано ќе го зголеми нивото на ендорфините и окситоцинот во твоето тело.
Покрај овие 3 едноставни практики, додајте го Dr. Viton Magnezan B6 суплемент со кој успешно ќе го контролирате стресот.
Комбинирајќи магнезиум и витамин Б6, две состојки со докажани релаксирачки својства, Dr. Viton креираше совршен сојуз кој целосно ја средува и заштитува психата од стрес.
Остар ум, висока концентрација, мирно срце, опуштени мускули и нерви, квалитетен сон, се само дел од придобивките што ги овозможува Dr. Viton Magnezan B6, само поради тоа што успева да го контролира количеството на кортизол.
Одбери Dr. Viton – Магнезан Б6!
Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6
Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.
Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)