Што да пиеш ако видот почне да ти слабее?

Забележуваш дека многу луѓе во твојата околина носат заштитни очила за пред компјутер, па веднаш посакуваш еден пар за себе.

Но, преиспитај ја својата одлука, дали навистина ќе фрлиш толку многу пари за да го заштитиш видот или повеќе тераш мода?

Ако вистински сакаш да ги заштитиш очите од сината светлина што ја примаш преку компјутерот или телефонот и да го сочуваш видот и после 50-тата, ти треба многу повеќе од пар очила.

Долготрајното изложување на сина светлина не е единствениот предизвик со кој се соочува сетилото за вид.

Функциите на окото во голема мера зависат од конкретни хранливи материи.

На пример, сувите очи честопати се должат на недостиг на ДХА или добрите масти присутни во омега-3 масните киселини.

Недостигот на цинк го отежнува гледањето навечер.   

А кога окото е оставено без антиоксидантна заштита, тоа станува помалку отпорно на болести и лесно се заморува, а тоа води до пецкање и чешање на очите, намалување на фокусот па сè до главоболка и несоница.

Листата на полезни состојки за одржување на видот и заштита на очите е долга, затоа одвојуваме 7 состојки кои науката ги прогласи за клучни во ерата на дигитално оптоварување на сетилото за вид.

БОРОВИНКА

Боровинките содржат антоцијани, флавоноиди кои ја зајакнуваат функцијата на мрежницата, го подобруваат видот и го намалуваат потенцијалниот замор на очите. Боровинката е предложена како третман за ретинопатија (оштетување на мрежницата), но делува и превентивно од макуларна дегенерација, глауком и катаракта.

Боровинките содржат витамин Ц – антиоксидант кој го намалува очниот притисок и го намалува ризикот од глауком.

Витаминот Е во боровинките може да го намали формирањето на катаракта или заматување на очните леќи.

ЛУТЕИН И ЗЕКАСАНТИН

Очите се изложени на кислород и на светлина, што го промовира производството на штетни кислородни слободни радикали. Лутеинот и зеаксантинот ги поништуваат овие слободни радикали, така што тие повеќе не можат да ги оштетат здравите очни клетки.

Лутеинот и зеаксантинот се единствените каротеноиди кои се акумулираат во мрежницата, особено во макулата, па затоа се познати како макуларни пигменти.

Делуваат како природен крем за сончање што го апсорбира вишокот светлосна енергија, особено сината светлина.

Состојби за кои лутеинот и зеаксантинот може да помогнат:

Макуларна дегенерација поврзана со стареење: Потрошувачката на лутеин и зеаксантин ја забавува прогресија на болеста која води до слепило.

Катаракта – облачни дамки на предниот дел од окото. Јадењето храна богата со лутеин и зеаксантин може да го забави нивното формирање.

Дијабетична ретинопатија – Во студиите за дијабетес кај животните, се покажа дека дополнувањето со лутеин и зеаксантин ги намалува маркерите на оксидативниот стрес кои ги оштетуваат очите.

Одлепување на мрежницата – Стаорците кои имале одлепена мрежница и на кои им биле дадени лутеин инјекции, имале 54% помалку клеточна смрт од оние на кои им се инјектирало масло од пченка.

Увеитис – Истражувањата покажуваат дека лутеинот и зеаксантинот може да помогнат во намалувањето на воспалителниот процес кој го напаѓа средниот слој на окото.

ОМЕГА 3 МАСНИ КИСЕЛИНИ

Трите форми на омега-3 масни киселини, ДХА, ЕПА, АЛА, го подобруваат здравјето на очите. ДХА е главна компонента на ретината на окото – која е најважна за видот. Студиите покажуваат дека нејзиниот внес го намалува ризикот од макуларна дегенерација, како една од водечките причини за слепило. Воедно е важна и за развојот на очите за време на детството.

Омега-3 масните киселини може да помогнат во спречување и лекување на синдромот на суво око, вообичаена состојба при која очите не произведуваат доволно солзи. Симптомите на суво око вклучуваат чешање на очите, горење и црвенило.

Студијата изведена врз 32.000 жени покажа дека редовните консументи на омега-3 масни киселини од риба, имаат 17% помал ризик да страдаат од суви очи.

Омега-3 масните киселини внесени преку додатоците на исхрана, исто така, помагаат при создавањето природни солзи и одржување на влажноста на очите.

ЦИНК

Цинкот е минерал кој помага во одржување на здравјето на мрежницата, клеточните мембрани и протеинската структура на окото. Цинкот му овозможува на витаминот А да патува од црниот дроб до мрежницата за да произведе меланин. Меланинот е пигмент кој ги штити очите од УВ светлина.

Цинкот во комбинација со други хранливи материи и витамини помага во заштитата на ретината и го намалува ризикот од макуларна дегенерација. 

 БАКАР

Бакарот и цинкот секогаш се пијат во пар, затоа што се надополнуваат и се врзуваат во намерата да пружат најсилна заштита за видот. Бакарот помага да се спречи прогресијата на напредната макуларна дегенерација поврзана со возраста. Долгорочниот недостаток на бакар може да предизвика губење на видот.

ВИТАМИН Е

Витаминот Е ги штити очните клетки од нестабилните молекули наречени слободни радикали кои го разградуваат здравото очно ткиво. Тоа е она што може да доведе до формирање на катаракта или макуларна дегенерација поврзана со возраста.

Витаминот Е е моќен антиоксидант кој постои во неколку различни форми. Алфа токоферол е облик на витамин Е кој најдобро ги пресретнува потребите на човекот. Главната функција на витаминот Е во телото е да ја неутрализира оксидацијата. Од овие причини, истражувачите сметаат дека витаминот Е има силна улога во заштитата на одредени делови од окото кои се чувствителни на оксидативен стрес.

На пример, се верува дека катарактата се формира со оксидација во леќата на окото, предизвикана главно од УВ зраците на сончевата светлина.

Искористувајќи ги последните научни истражувања кои одат во прилог на овие состојки, Dr. Viton го создаде новиот суплемент Ovidox создаден да го штити и одржува видот на секој современ човек.

Со една капсула на ден, Dr. Viton – Ovidox те снабдува со соодветна доза од овие 7 активни состојки за кои се гладни твоите очи.

Производот може да го нарачате ONLINE со кликнување на копчето КУПИ ВЕДНАШ