За здравствените ризици треба да се информирате пред патување, бидејќи неинформираноста е најчесто главна причина за ненамерно изложување на инфекции, болести и повреди додека патувате.
Одамна е позната изреката дека светот е глобално село. За волја на вистината, се повеќе луѓе се повеќе патуваат. Некои поради работни обврски, други бидејќи сакаат да патуваат. Со воз, брод, авион, автомобил,нешто поретко со мотор, велосипед, па и пешки, на годишен одмор сакаме да откриваме далечни егзотични краеви. Но, поради пораст на бројот на патувањата, особено во здравствено ризичните краеви, последните години се развила нова гранка на медицината, таканаречена тропска и патничка медицина. Нејзините задачи се заштита на здравјето и спречување на ризици од инфекции и болести на патници во различни делови на светот, но и намалување на здравствените ризици во текот и по патувањето.
Зошто е важна патничката медицина?
Многу егзотични и туристички атрактивни земји и ден денес мака мачат со снабдување на чиста вода за пиење, но и со спречување на заразни болести, кои во Хрватска веќе ги заборавивме. Такви болести се маларија, дезинтерија, колера, тифус и разни други кои може да се пренесат по пат на паразити, инсекти и други животни. Тоа особено се однесува на земји од Латинска Америка, Амазонија, југоисточна Азија и Субсахарска Африка, Средниот Исток, како и острови во западен и јужен Пацифик, каде во минатото патувале само мисионери, војници и авантуристи. Иако тропските места се најатрактивна туристичка дестинација, нема место на нашава планета на кое не би посакале да отидете на одмор. Меѓутоа, согласно географијата и локалната епидемиологија, здравствените ризици се разликуваат за патници на патувања во различни краеви. Со оглед на тоа дека добро организираната превентивна медицина е предуслов за намалување на ризици, основна цел на постоење и развој на тропска и патничка медицина всушност, е да се предупреди на честите проблеми и нивно што поефикасно решавање, за да се сочува здравјето на патниците, а инфекциите и болестите да се спречат, односно да се излечат на време.
Најпрвин треба да се знае дека за постапувањето пред, во текот и по патувањето постојат цела низа прописи и упатства, од оние домашните здравствени авторитети, како Министерство за здравје и Хрватскиот завод за јавно здравство, па се до меѓународните прописи на Светската здравствена организација, национални центри за контрола на болести (како американскиот центар за превенција и контрола на болести-CDC). И во нашата земја, која е атрактивна туристичка дестинација, таквите прописи се во сила повеќе од 50 години, па така се обновуваат и дополнуваат на годишно ниво со нови прописи за заштита на здравјето на патниците.
Што треба секој патник да знае?
Постојат многу фактори кои го одредуваат ризикот од некои опасности на патувања, меѓу кои се инфекции, болести и повреди (трауми). За нив треба да се информирате и пред патувањето, бидејќи неинформираноста најчесто е главната причина за ненамерно излагање на заразни болести и други немили настани во текот на патувањето и на годишен одмор. Целта е јасна, непредвидливи и несакани болести и состојби, од релативно безопасниот „џет лег“, односно десинхронизација, болки во ушите, дехидратација во текот на патување ос авион и болести при движење, чести кај патувања со бродови, па се до висински болести кај планинари, исцрпеност поради топлина, плускавци, но и сериозни, опасни по живот епидемии (на пример ебола, САРС, ХИВ и слично),треба да се спречат и во најмала можна мера да се намали нивното избивање и ширење. Тоа се однесува и на различни видови проливи (вирусни проливи, дезинтерија, колера, амебијаза, тифус и слично) и болести кои предизвикуваат убоди на инфицирани комарци или убоди и загризување на други инсекти и животни (на пример маларија, денга, вирусен хепатитис А, Б, Ц, Д, Е и други, вироза на западен Нил, жолта грозница, беснило). Потребно е на начин на кој ќе одговара да се заштитите и од последици од повреди (вакцина против тетанус), јако сонце (да се носи соодветна заштитна облека и да се употребуваат креми со висок фактор на заштита од сонце), болести од нуркање и слично. Во зависност од дестинацијата, секој иден патник треба неколку месеци пред патувањето за епидемиолошката ситуација, потребното вакцинирање и други задолжителни и корисни превентивни мерки кои важат во земјата во која патувате. Покрај неколку интернет страни кои изобилуваат со доверливи и ажурирани податоци, најдобриот извор на информации се општите доктори на медицина, епидемиолози и фармацевти. Кога се работи за институциите, најдобри одговори ќе добиете доколку се обратите во референтниот центар за патничка и тропска медицина при Министерството за здравство на Република Хрватска, кој под тоа име постои веќе единаесет години во Клиниката за заразни болести „Доктор Фран Михаљевиќ“ во Загреб, а под други имиња има традиција од повеќе од 100 години. Особено внимание треба да се посвети на трудниците, малите деца и постарите лица, како и имуно-компримитирани лица, со оглед на тоа дека се почувствителни на поблаги еколошки услови. Најдобар совет како најдобро да се погрижите за нив ќе добиете од нивните доктори или во Центарот за патничка и тропска медицина.
Корисно е да се посети центарот барем шест недели пред пат. Со сигурни информации за здравствената ситуација во земјата во која патувате, како и со придржување на прописите за мерките за превенција кои се важни за одбраната локација, здравствените службеници о Центарот ќе ве посоветуваат кои вакцини треба да ги примите, дали ќе ви требаат било какви лекови и кога да ги пиете, а кои треба д аги земете со вас.
Превентивните мерки постојат за речиси сите здравствени опасности со кои може да се сретнете на патувањата. Ризиците се разни и зависат од тоа во која земја, град или село патувате, во кое годишно време, колку ќе трае патувањето и каде ќе бидете сместени. На сите тие ризици треба да се додаде дека здравствениот исход од вашето патување во голема мерка зависи и од тоа какво здравје имате, дали сте примиле задолжителна или предложена вакцина и тоа на време, дали веќе користите некои лекови, дали сте болен од некоја хронична болест или сте бремени. Од сето тоа ќе зависат и низата превентивни мерки кои треба да се преземат пред да одите на пат.
Со деца и бремени жени само во здравствено сигурни земји
Најризични патувања за здравје се оние земји во развој, а со далеку помал ризик ќе бидете ако патувате во Западна Европа, Канада, САД, Нов Зеланд, Австралија или Јапонија. Ризикот е помал и ако патувате во урбани туристички дестинации, со некој туристички аранжман, отколку ако се одлучите сами да патувате, со ранецот на вас во некое рурално егзотично подрачје на другиот крај на светот.
Денес постојат бројни вакцини за заштита на лица кои патуваат во ризични краеви. Меѓу нив особено корисни се вакцини против хепатитис А и Б, дифтерија, тетанус, мали сипаници и сипаници, детска парализа, тифус, жолта треска, јапонски енцефалитис, менингококен менингитис и беснило. Некои од нив ќе мора само да ги обновите (да се вакцинирате пред патување), а за некои ќе мора да поминете низ целосно вакцинирање. Дополнителни дози на вакцинирање против тетанус и дифтерија се препорачува на секои десет години. Можеби ќе ви биде потребно и довакцинирање против мали сипаници или полиомиелитис. За тоа информирајте се на време кај семејниот доктор или епидемиолог.
Постојат и бројни лекови кои некогаш треба да се пијат пред и за време на патување, како и по враќање од патот (на пример антималарици) или во случај на пролив додека патувате за кој нема вакцина, а честа појава е ако патувате на Блискиот и Далечниот Исток, Латинска Америка и слично. Корисно е да се знае дека некои лекови имаат и сериозни несакани појави, на кои треба исто така да бидете подготвени, а не е сеедно ни дали ги земате со други лекови кои ги пиете поради некоја хронични и други болести.
Сето ова набројано има само една цел, а тоа е патувањето да ви остане во убаво сеќавање. Но, за да биде така, вашата лична одговорност е од клучно значење. Затоа, мислете на себе и на здравјето на своите сопатници, подгответе се на културни и климатски предизвици и различности, на време направете ги сите потребни превентивни мерки, уживајте на патувањето и вратете се дома весели и здрави.
Десет совети кои е добро да се запомнат
1.Мијте ги рацете темелно, барем 10 секунди и добро измијте ги. Мијте ги задолжително пред допир со храна, по вршење на нужда, по играње со животни, фрлање на ѓубре, менување пелени, допирање на паричникот, кашлање, кивање и издувување на носот. Поголем дел од проливи, повраќања, настинка и други заразни болести може да се спречат со малку вода и сапун.
2.За да го избегнете проливот при патување, јадете само добро варена храна, пијте од оригинална амбалажа, избегнувајте салати, свежо месо, свежо овошје и зеленчук, вода од чешма, коцки мраз во пијалаци и млечни производи.
3.На сите места каде има комарци носете чорапи, покривка на главата, долги ракави и ногавици, спијте со комарник. Комарникот, креветот и облеката можете да ја шприцнете со инсектицид. На тој начин можете да спречите болести како на пример, маларија, денга грозница и слично.
4.Носете таблети за прочистување на вода и преносни филтри во случај на недостаток на вода од шише. Во земјите со несигурен здравствен квалитет од чешма, за пиење, миење на заби и замивање користете само вода од шише.
5.За заштита од сонце и УВ-зраците носете очила за сонце и покриена глава, со задолжително нанесување на крема со висок заштитен фактор за сонце.
6.На времено посоветувајте се со докторот за мерките на превенција ако сте во ризик од висинска или болест од движење. Носете со вас газиран пијалак и крекери за смирување на желудникот, а добро ќе дојде и антихистаминик. Во текот на возењето избегнувајте храна, алкохол, кофеин и цигари.
7.Ако сте заболени од некоја хронична болест, не заборавајте да ги земете лековите кои инаку ги користите. На секоја кутија напишете име и презиме и историјата на болеста (зависно од земјата во која патувате, би било добро да е на странски јазик, англиски, германски, француски, шпански).
8.Би било добро пред да патувате да го посетите стоматологот за ненадејната болка да не ви го упропасти годишниот одмор и да ве доведе во ризична ситуација на потрага по стоматолог во некоја егзотична земја. Умно е со себе да си земете анти-габична и анти-бактериска крема, дефинфициенс, лек против алергија, пролив и труење, како и некои антибиотици во случај на тежок пролив. За совет е најдобро да го прашате семејниот доктор. Исто така добро би било да си земете и аналгетици, лаксатив, фластери, завои, облоги, ножици, топломер, пинцета, шишенце со физиолошка течност, капки за нос, влажни марамчиња и копии од рецепти од лековите кои инаку секој ден ги користите ако сте заболени од некоја хронична болест. Сите лекови треба да ги спакувате во непропустливи шишенца.
9.Пред патот треба да ги соберете сите потребни информации за здравствените и сигурносни услови во земјата во која патувате. Добро е и да ја имате и листата со имиња, адреси и телефонски броеви на препорачани болници и доктори во дестинацијата.
10.За време на лет со авион треба да се ограничи консумирањето на алкохол и кофеин, како и да се пие вода и овошни сокови. На тој начин ќе се избегне дехидратација, што е особено важно за болните од срце, бремените жени и мали деца. Ако се патува долго, препорачливо е на секој еден час да се прошета низ кабината за да се намали ризикот од настанување на крвни згрутчувања (тромбофлебитис). Се препорачува комотна облеа и обувки, како и носење на еластични чорапи во случај на проширени вени.
Среќен ви пат.