Се врати од одмор и сега се прашуваш како да ја вратиш и желбата за спортување. Си се улежа 10 дена и толку ти требаше, сега не ти се мрда. А кога ќе ти текне на болката во мускулите после тренинг, со трчање се враќаш во кревет.
Дали ако ти кажеме дека со Dr. Viton Magnezan C ќе успееш и полесно да го поднесеш тренингот и побрзо ќе ги опоравиш мускулите ќе излезеш да трчаш на Кеј?
Dr. Viton Magnezan C е комбинација од магнезиум цитрат и витамин Ц во течна форма што го олеснува консумирањето, но и ја олеснува апсорпцијата, па суплементот брзо стасува до мускулите за да ги опушти.
Воспалението на мускулите се случува од 12 до 14 часа после тренинг, а својот врв го достасува помеѓу 24 до 72 часа од физичката активност. Болката во мускулите секако ќе помине сама од себе, но навистина нема потреба да се мачиш кога веќе го имаш на располагање Dr. Viton Magnezan C.
Овој суплемент обезбедува доволно кислород за мускулите додека се активни и го контролира лачењето на млечната киселина која поттикнува болка, умор и исцрпеност во мускулите. Од овие причини Dr. Viton Magnezan C е најдобрата поддршка за секој физички активен човек и професионален спортист.
Мускулите не се воспалуваат само после долга пауза, доволно е да го зголемиш интензитетот на вежбите или времетраењето на тренинг сесијата за тие да почнат да те болат.
Магнезиумот е градбена единица на самите мускули, а како додаток во исхраната директно учествува во оформувањето на мускулот и го снабдува со енергија и сила.
Уште една добра вест околу Dr. Viton Magnezan C суплементот е неговото продолжено дејство, имено тој ги обновува минималните повреди на мускулните влакна и сврзните ткива, па мускулите помалку болат и воопшто не се грчат.
Магнезиумот во Dr. Viton Magnezan C е поткрепен со витамин Ц кој делува антиоксидативно помагајќи им на мускулите да се изборат со слободните радикали и напорот во текот на вежбањето.
И кратката пауза од спортскиот режим што го практикуваш, ги брише бенефитите што претходно си ги заработил. Доволно е една недела да не вежбаш за да се намалат твоите физички перформанси.
Студијата од 2015-та објавена во Journal of Rehabilitation Medicine, покажа дека само двонеделното воздржување од спортски активности може да резултира со намалување на мускулната маса и сила. Плус, може да ти треба двојно повеќе труд од претходно за да дојдеш до точката на која застана.
Ако целта ти е да се вратиш на старо, не избрзувај веднаш со агресивен тренинг туку едноставно изведувај вежби за истегнување и постепено врати ги минутите за вежбање и типот на вежби. При тоа, олесни ја транзицијата на мускулите од пасивни во активни со помош на Dr. Viton Magnezan C.
Препораките гласат дека човекот треба да вежба 150 минути во неделата, тоа е помалку од половина час во денот, а со Dr. Viton Magnezan C ќе имаш чувство дека си вежбал 5 минути.
Dr. Viton Magnezan C за активни мускули што не знаат за болка!
Dr. Viton – Magnezan C можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-c/
Dr. Viton – Magnezan C може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.
Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)