Спирулина, го чува вашиот вид и ја намалува можноста за развивање на глауком

Спирулината  е богата  со витамин Б12, картеноиди како лутеинот, зеаксантинот кој позитивно влијаат на видот и здравјето на очите. 

Лутеинот и зеаксантинот  ни се потребни  од раѓање па се до длабока старост, тоа се картеноиди кои телото не може само да ги  синтетизира. Тие се распространети низ сите ткива а посебно ги има во голема коцетрација во пределот на очите , поточно во ретината и макулата. Макулата е највиталниот дел од ретината ,  ја  изоштрува сликата кога читаме или гледаме предмети. Лутеинот и заексантинот  се пигменти кои ги има во макулата и  ја орджуваат функцијата и структурата на осетливите делови  на очите (ирис, ретина и леќа)  и ги штитат од штетното влијание на слободните радикали и ултравиолетовите зраци.

Глаукома е губење на периферниот вид како резултат на оштетување на очниот нерв. Витаминот Б-12 кој го има во изобилство во  спирулината има позитивно дејство врз очниот нерв и ја намалува можноста за развивање на глаукома.