Откако познатиот „Шанел“ не воодушеви со својата нова колекција на висока мода за пролет 2014 година на модната недела во Париз, во иста мера не шармираше и Питер Филипс, кој се крие зад прекрасните „магии“ кои беа изведени на моделите.
Во текот на целата ревија беше впечатлив изгледот со светки под очите, кој сигурно на многумина им остана во сеќавање. Токму очите беа во центарот на оваа во основа многу едноставна и свежа шминка.
Класичното, дебело нанесување на црниот туш збогатено е со нанесувањето на впечатливите светки по должината на долните трепки, а за да биде ефектот поголем тие се аплицирани во различни големини.
Ако ви се допаѓа холографскиот сјај, слободно инспирирајте се за некои од следните излегувања, бидејќи овој поглед воодушевува.