Имаш грчеви, лошо спиеш, немаш енергија, нервозен си…
Како да ти фали нешто?
Да не ти фали магнезиум?
Магнезиумот не е само „обичен“ минерал — тој е твојата тајна суперсила против сите проблеми кои го нарушуваат твојот мир и целокупното здравје.
Во летните денови побрзо се трошат резервите на овој минерал
Во текот на летото, нашето тело троши повеќе магнезиум поради зголемената физичка активност, потењето и изложеноста на сонце. Затоа, недостатокот на магнезиум може да биде чест проблем кој води до грчеви во мускулите, нарушен сон, намалена енергија и зголемена нервоза.
Зошто твоето тело не може без магнезиум?
Магнезиумот игра клучна улога во над 300 биохемиски реакции во телото. Тој помага во опуштање на мускулите, подобрување на сонот, регулирање на нивото на енергија и одржување на стабилноста на нервниот систем. Без доволно магнезиум, телото не може да функционира оптимално, а ние се чувствуваме уморни, исцрпени и нервозни.
Мускулни грчеви и спазми: Дали ти се случило ненадејно да добиеш утрински мускулен грч? Можно е да ти недостига магнезиум. Кога магнезиумот е во дефицит, мускулите не можат да се опуштат како што треба, што може да доведе до чести грчеви и спазми.
Криза за енергија: Магнезиумот е клучен во производството на енергија. Без него, може да се чувствуваш како „риба без вода“. Овој минерал игра клучна улога во метаболизмот на глукоза, која е основа за енергетските функции на телото.
Нервоза и чувствителност: Ако си пречувствителен, можеби тоа е поради недостаток на магнезиум. Магнезиумот е за нервниот систем како што е водата за пламенот. Тој помага во регулирањето на нервните импулси, што значи дека кога е во дефицит, може да се појават нервни проблеми како што се вознемиреност и изразена нервоза.
Неправилен срцев ритам: Магнезиумот игра клучна улога во одржувањето на нормалниот ритам на срцето. Заедно со калциумот, тие имаат есенцијална функција во генерирањето на срцевите контракции. Калциумот, кога навлегува во мускулните клетки на срцето, ги стимулира нивните контракции. Магнезиумот, од друга страна, е одговорен за релаксацијата на овие мускулни клетки. Доколку нивото на магнезиум во организмот е прениско, калциумовите јони можат да предизвикаат престимулација на срцевиот мускул. Оваа престимулација води до неправилен срцев ритам, што е ситуација која може да биде животозагрозувачка. Затоа, одржувањето на оптимално ниво на магнезиум е клучно за здраво срце и правилен срцев ритам.
Проблеми со спиење – несоница: Магнезиумот игра важна улога во регулирањето на нервниот систем, што влијае на спиењето. Недостатокот на магнезиум може да доведе до тешкотии при заспивање и немирен сон. Магнезиумот помага во продукцијата на мелатонин, хормон кој го регулира спиењето.
Промени ги навиките – земи си магнезиум во течна форма
Не се претерувајте со црното чоколадо — затоа што има многу подобар, понискокалоричен и полесен начин да ги надополниш потрошените резерви.
Интересен факт: Честата потреба за нешто слатко, може да биде уште еден показател дека имате дефицит на магнезиум во организмот.
Направи промена и започни го денот со една кесичка Dr. Viton Magnezan C, која претходно можеш да ја ставиш во ладилник за дополнително да те освежи. Има неодолив тропски вкус и во еден „шот“ ќе ја примиш твојата дневна доза на магнезиум, овојпат збогатен со витамин Ц.
Dr. Viton Magnezan C можеш да го купиш во аптеките на Еурофарм, Зегин, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети во DM-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.
можеш да го нарачаш онлајн на https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-c/
Или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот )
Dr. Viton Magnezan C ќе ти го доставиме на твојата домашна адреса со брза пошта.