Со текот на годините човечките очи престануваат да ги разликуваат боите

Повеќето луѓе со стареењето  почнуваат да го губат видот. Нашите очи се претвораат во “слепи” кога станува збор за разликувањето на боите, но ние тоа не го забележуваме благодарение на мозокот кој ” работи прекувремено “.

Научниците откриле дека постарите луѓе ја губат способноста да ги разликуваат боите, бидејќи делот од окото наречен конус рецептор станува помалку способен да ги обработи боите. Но, другите делови од нашиот визуелен систем работат повеќе со цел да се минимизираат последиците.

Во студијата која ја правел Универзитетот во Ливерпул, експертите прегледале 185 луѓе помеѓу 18 и 75, кои нормално ги гледаат боите. Тие откриле дека изгледот на бојата во очите на волонтерите не се променила.

Но, со времето способноста да се направи разлика во нијансите се намалува, особено за боите кои се со жолто-сина основа.

Ова стана јасно откако учесниците беа тестирани како тие гледаат на нијанси на зелена на дневна светлина. Помладите волонтери видоа зелена, додека постарите видоа повеќе жолта боја.

Софи Вургер, автор на студијата, заклучи дека одредени нервни патишта го компензираат она што не го гледаме, и нашите очи, со помош на мозокот нормално ги гледаат боите во старите години.