Со доза калциум ризикот од предвремена смрт е за една петтина помал

Нема опасност по здравјето ако вкупниот внес на калциум преку исхраната и додатоците не надминува 1000 mg на ден, а покрај тоа што ги прави посилни коските го продолжува и животниот век .

Лицата кои земале калциум како додаток од 1000 mg дневно имале 22 проценти помал ризик од смрт во текот на еден период од 10 години, во споредба со оние кои не земале дополнително од овој минерал, според 12-годишно проучување на канадскиот Универзитетот Мекгил изведено на 9000 луѓе.

Претходно лекарите советуваа претпазливост кога земате високи дози на калциум за спречување остеопороза, поради потенцијалните негативни ефекти врз срцето, но една нова студија ги менува овие сомнежи .

– Придобивките од суплементите на калциум врз здравјето на оние кои имаат природно ниски дози на овој минерал се видливи додека дозата не надминува 1000 mg на ден, без оглед на тоа дали додатокот содржи витамин Д или не – вели авторот на студијата д-р Давид Голтзман.

Секојдневната исхраната на повеќето луѓе содржи недоволно ниво на калциум, па затоа суплементите се најефикасниот начин за зајакнување на коските и секојдневен редовен внес на потребната доза калциум.

calc-ziz

prodazni-mesta-nature-essential1 (2)