Случувања во текот на летото: како да ги одстраните дамките од пот под пазувите

Научете како да ги отстраните дамките од белите кошули со мешавина од детергент за миење садови , хидроген пероксид и сода бикарбона…

Во летните денови, освен дамките од храна или шминка може да ви се случи на белите кошули да ви останат и жолти дамки од  пот и дезодоранси. За да  вашите маици и кошули повторно бидат  блескаво бели употребете ја оваа магична комбинација во домашна режија и ослободете се дури и од најмалите дамки. Се што ви треба е малку детергент за миење садови , хидроген пероксид (H2O2) и сода бикарбона.

Соодносот на смесата за отстранување на дамки од пот:

на еден дел детергент за миење садови се додава

два дела хидроген пероксид (H2O2)

малку сода бикарбона (ако правите поголема  мешавина зголемете ја количината )

Нанесете ја смесата на дамките и четкајте со тврда четка за перење алишта. Оставете ја кошулата да стои еден час, а потоа исперете ја стандардно.