Синдром на хронична премореност

Сите може да се сложиме дека во овој свет на брзо живеење, деновите ни се прилично исполнети со „ набиен “ распоред. Природно е да се чувствуваме уморни во некој момент од овие долги денови. Ако се чувствувате како да претпочитате да се вратите во кревет наместо да работите, вежбате или обавувате сите редовни домашни обврски, овој напис е за Вас!

1. Вдишете длабоко

Да, сите ние дишеме и без да помислиме на тоа. Сепак, сите ние најчесто не дишеме правилно. Длабокото дишење помага за подобро пренесување на кислород до келиите на вашето тело, заедно со хранливите материи во вашиот крвоток. Исто така, помага во процесот на изнесување отрови преку вашиот лимфен систем. Ако не се детоксифицирате правилно, што всушност е задача на правилното дишење, подлежите на здебелување, губење мускулатура, воспаление и премореност. Пробајте, вдишете длабоко неколку пати, автоматски ќе се чувствувате подобро и побудни веднаш.

2. Пијте вода

Ако досега не пиевте многу вода, треба да почнете! Можеби ова е причината што се чувствувате уморни. Сок, безалкохолни газирани пијалоци и слични нешта е забрането да конзумирате ако сте уморни. Дехидрацијата го намалува волуменот на крв, а тоа пак создава премореност. Всушност пијалоците полни со шеќер создаваат дехидрација. ,, Водата е кралица ” – па навикнете се да пиете чаша вода секогаш кога сте уморни. Кога работите секогаш на вашето биро нека има полна чаша со вода. Ова е најдобриот начин, бидејќи ако треба да станете и да си земете вода, никогаш нема да запаметите, особено ако работите интензивно. Ако водата ви е при рака, умот едноставно ќе знае да посегне по голтка одвреме навреме додека сте активни. Ќе се изненадите од тоа колку брзо пиењето вода ќе ве ослободи од премореноста.

3. Станете и движете се

Понекогаш нашата премореност е предизвикана од безволност. Особено кога мора да работите на компјутер или да седите на биро цел ден. Движење, секаков вид на движење е вежба. Движејќи го телото создавате зголемен крвоток, што за возврат ја зголемува вашата енергија и ја победува премореноста. Исто така, прави да дишете подлабоко и веќе ги знаете бенефитите од длабокото дишење, како што спомнавме во точка 1. Затоа, се што треба да направите е само да станете, малку да се протегнете и да се раздвижите. Најдобро ќе биде да го правите ова на секој час, за да ја прекинете навиката за безволност. Па станете и движете се, веднаш ќе се чувствувате побудни!

4. Слушајте музика

Секогаш кога е премногу тивко, многу лесно ни станува здодевно. Досадата води до премореност. Попуштете го радиото или извадете го вашиот ајпод и почнете да ги слушате омилените мелодии. Во моментот, може да ја претворите досадата и премореноста во интересен, забавен момент. Како што си ги пеете омилените песни во глава, вашите мисли дека сте уморни полека ќе избледат. Ако всушност можете да станете и заиграте, тогаш со еден погодок сте ги усовршиле точките 3 и 4.

5. Смејте се

Смеењето има многу бенефити, како на пример ослободување поголеми нивоа ендорфин што прави да се чувствувате подобро. Ова исто така збришува било какви чувства на умор. Всушност неодамнешни студии покажаа дека и претчувството на смеа ги зголемува нивоата на ендорфин. Не мора да се смеете гласно, едноставно и наоѓањето на нешто забавно е корисно. Почнете да читате шеги на интернет, слушајте ја вашата омилена радио емисија или гледајте смешни видеа на YouТube. Ќе забележите дека штом ќе почнете да се смеете, повеќе нема да бидете уморни.

6. Кажете што мислите

Многу е лесно да се најдеме уморни кога сме тивки. Помислете на училница на пример. Многу е лесно да ви се здосади и да чувствувате премореност за време на монотона рутина. Како и да е, лекот е да учествувате во активностите! Зборувањето може да ги даде истите бенефити како и движењето (на крај на краиштата, ги движите мускулите кога зборувате) и кога сте дел од нешто како разговор или дискусија тоа дава екстра поттик за фокусирање и енергија да му се спротивстави на чувството на премореност. Кажете му нешто на колега или земете го телефонот и јавете се на сакана личност за неколку минути. Ако сте сами, тогаш можете да ги запеете омилените мелодии на глас!

7. Ултра брзата моќна дремка

Брза моќна дремка сред бел ден е одличен метод да се ревитализирате и да го зголемите траењето на енергијата до крајот на денот. Сепак, најголем број на луѓе кои работат на јавни места не можат да дремнат туку така! Она што може да го направите е ултра брза моќна дремка, која што се состои од едноставно затворање на очите за неколку минути, чистење на умот, длабоко и бавно дишење и потоа враќање на работата. Ова може да го направите или на паузата или дури и на бирото. Набрзина сте се ослободиле од премореноста и можете исто така да уживате во подобро фокусирање и спремност. Практикувањето на било која од овие техники ќе направи да се чувствувате побудни, поенергични и ќе ги зголеми вашите вештини на концентрација. Со многу долгите
работни денови кои сега ги доживуваме, пресудно е имплементирање такви методи во секојдневната рутина за да може да ги поминеме деновите без да мора секогаш да се чувствуваме уморни. Порано секогаш се чувствував како да ми се спие, по цел дел, без разлика дали имав спиено доволно или не. Едноставно се уморував од умор. овие методи беа навистина ефективни за мене, па се надевам дека ќе бидат корисни и за Вас исто така.