Тибетската габа, или поточно – кефирот направен од оваа габа, помага во намалувањето на тежината. Тајната, всушност, лежи во фактот дека кефирот ги раствора мастите, а не масните киселини, кои се собираат во црниот дроб, а потоа се претвораат во масти, ги претвора во едноставни соединенија кои сами се исфрлаат од организмот . Со јадењето кефир драстично се потиснува апетитот, а тоа во голема мера го олеснува процесот на губење на тежина. Важно е дека кефирот направен од овие габи е корисен за микрофлората и гастроинтестиналниот тракт. Ги неутрализира и елиминира од организмот сите отрови, кои се формираат како резултат на разградувањето на храната во цревата.
Постојат два начини за намалување на вишокот на килограми со помош на кефир. Еден од нив е да се губат килограмите за еден подолг временски период со што да ќе се изгубат 4-6 килограми месечно за помалку дебелите луѓе кои сакаат да ја нормализираат тежината. И вториот начин, е губење на вишокот на килограми кај многу дебелите лица, кога за два месеци може да се изгубат и до 25 кг . Двата начина се коректни и не се штетни за здравјето. Можете да ги користите во зависност од вашиот степен на дебелина.
Како здраво да се слабее со помош на кефир, направен од тибетски зрна?
За да ослабнете, треба да пиете кефир секојдневно , половина час по секој оброк по 100 мл. Еднаш или два пати неделно е корисно да се направат рестриктивни денови врз основа на кефир – 1-1,5 л кефир да пиете во текот на целиот ден. Ако “кефирниот” ден за вас е премногу напорна постапка, обидете се да спроведете рестриктивен ден со помош на јаболка, круши и кефир.
Мени на овој ден :
Првиот појадок (9:00-09:30) – јаболко (свежо или варено) и една чаша кефир
Втор појадок (10:00-11:30) – круша, јаболко и чаша кефир
Ручек (13:00-14:00) – една чаша кефир и парче црн леб
Вечера (17:00-17:30) – салата од една круша и јаболка (или рендано јаболко и морков), прелиени со кефир
Еден час пред спиење пијте една чаша кефир со една лажичка мед.
Со цел да се намали тежината на овој начин, кефирот од тибетски зрна се консумира 20 дена, па се прави пауза од 10 дена, а потоа се продолжува. Ваквата исхрана може да се спроведува во текот на целата година, се додека не се постигне саканата тежина.
Вредноста на оваа исхрана е во тоа што ваквото намалување на 4-6 килограми месечно е одржливо и стабилно. Покрај тоа, се нормализира цревната микрофлора, се елиминира холестеролот, хормоните и метаболизмот се враќаат во нормала. Резултатот – целосна нормализација на телесната тежина. Нутриционистите велат дека лесно ќе ги изгубите вишокот килограми, ако го ограничите внесувањето на слатки, мрсна храна и на производите од бело брашно.
Губење на тежината кај многу големата дебелина.
Третман на вишокот на килограми со помош на кефирот од тибетски зрна , се состои во почитувањето на следниве правила за време на диетата:
- 1 недела обична храна – 1 недела диета – 1 недела обична исхрана, итн.
- Пред почнување на диетата, рестриктивен ден (опишан е погоре)
- По првата недела на диетата, една недела се поминува на редовна исхрана . Ограничете го на внесувањето на блага, масна и скробна храна. Потоа повторно се поминува една недела на диетата
- За време на редовната исхрана, придржувајте се до распоредот на земање оброци по часови. 6 оброци поделете ги на ист временски интервал, до 18:00 часот. По ова време, не јадете ништо.
- Во случај на напади на глад може да се испијат дополнителни 100 мл кефир
- Освен ограничувањата во исхраната, треба да се ограничи и внесувањето на течности во текот на неделната диета, да не се пие повеќе од 0,5 литри вода, освен петтиот ден на диетата (кога треба да се испијат 1,5 литри минерална вода).
Диета:
Наведената храна поделете ја на 4 дела, а кефирот – во 5. Последната порција кефир – еден час пред спиење.
1 ден – 400 гр. варени компири без сол и 0,5 литри кефир.
2 ден – 400 гр. ниско -масно ситно сирење и 0,5л кефир.
3 ден – 400 гр. овошје (освен банани и грозје) и 0,5 л кефир
4 ден – 400 гр. варени пилешки гради без сол и 0,5 л кефир
5 ден – 400 гр. овошје и 0,5 л кефир
6 ден – 1,5 л негазирана минерална вода
7 ден – 400 гр. овошје и 400 мл кефир
При научно истражување на група волонтери, беше забележано намалување на телесната тежина 8-10 кг за 2 недели, и во просек околу 25 кг за 2 месеци.
Што треба да знаете пред почетокот на диетата и исхраната со кефир:
- Почнете да консумирате кефир по 100 мл на ден, постепено зголемувајте ја дозата, сѐ додека да се навикне телото
- Во првите 10-14 дена на консумирање на кефир, се зголемува активноста на цревата, која се манифестира во форма на зголемено испуштање на гасови, чести столици, промена на бојата на урината. Но, тоа е нормална реакција, знак дека е започнат процесот на чистење и детоксикација на телото. По десет дена, реакцијата на телото престанува, и доаѓа до подобрување на општата состојба
- Кефир не треба да пијат бремени жени и лица кои не поднесуваат млечни производи.
- Лицата со зголемена киселина треба да обрнат внимание. Подобро е да го пијат кефирот кој е стоен 12 часа ( а не 24).
- Ако се консумираат лекови, се прави пауза помеѓу земањето на лекот и кефирот – 3 часа.
- За време на земањето кефир апстинирајте од алкохол.