Што мислите за овој моден избор на Ким Кардашијан?

Иако Ким Кардашијан не се плаши да го покаже своето тело во тесни и предизвикувачки фустани, на церемонијата „BET Honors“ дојде во неочекувано затворен фустан.

Ким овој пат избра фустан со кој го покри својот адут, големите гради. Иако, со непровокативен фустан секако го привлече вниманието, но коментарите не беа позитивни.

82619_profimedia0216211923_630x0

Она што модните критичари го критикуваа беше сјајниот материјал од кој е направен фустанот , а кој воопшто не и стои на оваа ѕвезда. Напротив, погрешниот избор на материјал направи Ким да изгледа уште поголема.

Долгиот црн фустан кој се врзува околу вратот со отвор на грбот и долги ракави е потпишан од модната куќа „Balmain“, како и костимот кој го носеше нејзиниот сопруг Канје Вест. Познатата двојка ја усогласи својата облека така што и реперот се одлучи за црно од глава до пети.

Ким  присуствуваше на церемонијата за да му биде поддршка на нејзиниот сопруг, кој таа вечер доби „Visionary“ награда, која пред него ја имаат освоено Маја Анџело и Витни Хјустон.