Тешко може да се зборуваме за ѕвезди со единствен личен стил, а не да ја спомнеме Гвен Стефани. Познатата русокоса е препознатлива по својот уникатен стил веќе со години.
Лидерката на бендот „No Doubt“ беше фотографирана на патот кон студиото за танц, во кое напорно ги вежба кореографиите пред излегувањето на својот трет соло албум во пролет.
Гвен се одлучи за фармерки во две нијанси со прерамки, модел кој беше популарен во деведесеттите години. Со нив имаше комбинација од сив дуксер и торба во две нијанси од истата боја. За да не биде комбинацијата премногу секојдневна, гламур внесе црвениот кармин кој многу години е нејзин заштитен знак.
Дека се грижи за секој дел покажува и изборот на очила со ретро форма и маската за телефон со леопард дезен. Комбинацијата ја заврши со патики со жолта боја.