Што е пилатес?

Пилатес методата за обликување на телото е комбинацијана вежби за сила и вежби за истегнување.

Пилатесот е совршена техника на вежбање за засилување на тонусот на мускулот, за еластичност на телото и совршен спој на телото и умот.

Германецот Јозеф Пилатес уште во почетокот на 20.век почнал со осмислување на својот начин на работа, пред се да го зајакне своето тело,бидејќи како дете бил болен од бронхијална астма и алергиски ринитис.

Својот метод го нарекол „контрола на мускулот“ за да ја истакне важноста на користењето на умот за владеење со мускулите. Сите вежби од „Пилатес методот“ се работат лесно со контролирано дишење и контролирани движења. Со обзир дека се вежба на тврда површина, не е потребна додатна опрема, туку може да се изведува секаде каде телото може удобно да се испружи. Секако, во фитнес – центрите денес се користат и бројни помошни справи за пилатес (еластични ленти, топки, пилатес –  кругови), но целта е иста, да се создаде хармонија на телото и духот и целото тело да се’ опушти при вежбање и да се постигне сила и еластичност на зафатените мускули.