Кардиоваскуларните болести и понатаму се број еден причина за смрт на глобално ниво, застапувајќи 31 % од смртноста во светот или 18 милиони животи годишно, тврди СЗО. Но, што правиме ние за да ја смениме оваа статистика? Па, речиси ништо!
Напротив, нашето стресно темпо на живеење и брзата храна, само ќе донесат пораст на случаите. Здравјето на срцето го добива заслуженото внимание во возрасното доба или во пензионерските денови кога имаме целосна слобода да јадеме лук.
Но, што ако ви кажеме дека ферментираниот лук има двојно, па и тројно посилно дејство и при тоа не предизвикува лош здив? Дали тогаш би поработиле на аритмиите и оние необјасниви боцкања во градите поттикнати од премор? Ако уште ви треба убедување, продолжете да читате.
Црниот лук е ферментиран облик на обичен свеж лук. Ферментацијата се одвива во посебно контролирани услови како висока температура и влажност во траење од неколку недели. При самата процедура се губи непријатниот вкус и мирис, а се потенцираат квалитетите што оваа намирница природно ги поседува.
Конкретно, се зголемува нивото на антиоксиданти благодарение на алицинот кој се конвертира во антиоксидативни компоненти како алкалоиди и флавоноиди. Студијата од 2014 откри дека вкупната антиоксидативна активност значително се зголемува во процесот на ферментација, всушност, лукот го достигнал врвот на антиоксидативна содржина на 21 ден од процесот.
Што корист има организмот од напливот на антиоксиданти? Антиоксидантите се компоненти кои ги штитат клетките од слободните радикали (читај: оксидативен стрес). Доколку слободните радикали ја пробијат антиоксидативната заштита, телото станува изложено на безброј болести. Што значи едноставно е, преку консумацијата на ферментиран лук вие ќе го зголемите нивото на антиоксиданти и ќе создадете непробоен штит.
Студиите тврдат дека ферментираниот лук ги редуцира индикаторите на срцеви заболувања, вклучувајќи го вкупниот холестерол, ЛДЛ или лошиот холестерол и триглицеридите. Исто така, може да го крене нивото на ХДЛ или добриот холестерол.
Студијата која била изведена врз животни ги споредувала ефектите што ферментираниот лук ги има врз лабораториските глувци кои се опоравуваат од срцева штета предизвикана од исхемија – намален проток на крв во срцето. Истражувачите потврдиле дека ферментираниот лук ја поттикнал циркулацијата и на тој начин го заштитил срцето од оштетување.
Друга студија изведена на животни открила дека екстрактот од ферментираниот лук помогнал да се намалат вкупните маснотии во крвта, триглицеридите и вкупниот холестерол кај глувците хранети со високо калорична и масна храна. Покачените масти најчесто индицираат покачен ризик од срцеви заболувања.
Во една поинаква студија, на 60 луѓе со покачен холестерол им било дадено да пијат 6 грама екстракт од ферментиран лук или плацебо во период од 12 недели. Кај испитаниците кои консумирале црн лук, бил забележан пораст на добриот холестерол, а со тоа и пад на ризиците од кардиоваскуларни заболувања.
Една студија го испитувала дејството на ферментираниот лук кај пациентите со коронарна срцева болест. Пациентите пиеле 20 грама екстракт од црн лук секој ден во период од 6 месеци. Кај сите испитаници било покачено нивото на антиоксиданти кои влијаеле на општо подобрување на состојбата со срцето.
За да го одржите здравјето на срцето без социјално да се дистанцирате, Dr. Viton го спакува ферментираниот лук во мека капсула. Современиот назив на ферментираниот лук или Dr. Viton Alizin е одличен безбеден додаток за секој поединец. Се користи како превенција, но и како задолжителен суплемент за оние кои страдаат од срцеви заболувања.
НЕ, нема да ви направи тегоби во желудникот и нема да ви донесе непријатен здив!
Dr. Viton Alizin е достапен е во во аптекитe на: Зегин, Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети и во други подобро снабдени аптеки, како и во дрогериите на dm и Cosmo – Тинекс.
Можеш да го нарачаш и онлајн на:
https://alfalab.mk/proizvodi/dr-viton-alizin/
Или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот ) dr
Dr.Viton Alizin може да ти го доставиме и на твојата домашна адреса со брза пошта!