Дури и во ова сексуално отворено општество, луѓето често се загрижени ако сонуваат соништа со сексуална содржина. Всушност, може да е многу вознемирувачки ако во сонот правите нешто кое што би било тотално шокантно ако тоа се случува и во вистинскиот живот. На пример, жената која што води многу чесен и мирен живот може да сонува сексуални оргии со многу згодни мажи.
Слично, мажот кој што се гордее дека е хетеросексуалец и кој што ги негира хомосексуалците, може многу да се изненади ако сонува сексуален однос со некој згоден маж.
Сепак, многу од луѓето не се вознемируваат од своите сексуални соништа и не им придаваат некое посебно значење. Се разбира, ова е најдобриот став по тоа прашање.
Зошто имаме сексуални соништа?
Сонуваме поради големата активност која што константно се одигрува во нашата потсвест. Поради тоа што сексуалниот нагон е најсилен од сите човечки нагони, не е за изненадување тоа што многу од соништата имаат силна сексуална содржина.
Ако имаме длабоки потреби да правиме одредени работи, многу е веројатно дека тие работи ќе се отсликаат во нашите соништа – каде што нашата свест не може да ги спречи да се случуваат.
Дали е вистина дека нашата свест ги цензурира сексуалните соништа?
Да. Нашиот мозок има еден таканаречен “цензор на сонот“, кој што има тенденција да ги “исчисти“ соништата.
Така на пример, ако некој голем верник започне да има сексуални соништа, цензурата во мозокот може да го промени сонот на тој начин што “нечистите“ работи се заменуваат со симболи.
Поради тоа, маж со стриктен сексуален морал може да има длабока потсвесна желба да има сексуални односи со убави жени, па така, наместо да сонува за вагини, тој ќе сонува тунели или подземни станици. Наместо да сонува гради, ќе сонува брда и ридови итн.
Слично, жена со многу строг сексуален морал нема да сонува пениси. Наместо тоа, таа ќе сонува симболи за пенис, како на пример: ракети, цигари, оџаци итн.
Сепак, искуството покажува дека овој вид на симболизам во сонот се повеќе и повеќе исчезнува. Луѓето, за разлика од порано, се повеќе отворени и повеќе сонуваат експлицитен секс отколку симболи.
Дали луѓето во своите соништа доживуваат оргазам?
Дефинитивно! Кај жените тоа не се случува многу често, но сепак се случува, особено во периодите кога жената има силен сексуален набој. Кај жените најчесто се случува да се разбудат возбудени на работ пред добивање на оргазам и да го добијат со мастурбирање.
Што се случува со мажите?
Повеќето мажи (иако не сите) имаат многу еротски соништа во своите тинејџерски години, дваесеттите и триесеттите години од животот. Фреквенцијата на сексуалните соништа се намалува со текот на годините, но многу од мажите кои што сеуште имаат сексуален набој продолжуваат да сонуваат ероткси соништа и во своите шеесетти и седумдесетти години од животот.
Кај мажите, еротските соништа најчесто се “влажни соништа“ односно со други зборови кажано, соништа во кои мажот доживува оргазам и ејакулира. Тоа може да биде многу засрамувачко за младиот маж, особено ако честотата на “влажните соништа“ е голема. Но, не може ништо да се направи за да истите се запрат.
Дали влажните соништа се штетни?
Многу млади мажи од азиската раса сметаат дека влажните соништа се штетни. Веруваат дека спермата која што се лачи во сонот го ослабнува телото или го намалува траењето на животот. Секако, тоа тврдење е апсолутно неточно. Влажните соништа се природен одговор на телото по однос на хормоните – многу слично на менструалниот циклус кај жените.
Што би требало да направите по однос на вознемирувачките сексуални соништа?
Повеќето соништа со сексуална конотација се забавни и едноставно треба да уживате во истите. Понекогаш тие вклучуваат активности кои што никогаш не би ги направиле во реалниот живот како на пример лезбејство или хомосексуалност. Но, тоа едноставно не е важно.
Но, некои луѓе навистина имаат вознемирувачки сексуални соништа кои вклучуваат инцест, насилство или силување. Ако таквиот тип на соништа продолжуваат, тогаш мора да постои некоја психолошка причина за истите.
Ако сте вознемирени од таквиот тип на соништа и ако сакате да ги пронајдете причините кои што стојат позади нив, во тој случај најдобро е да се консултирате со терапевт. Традиционално, овие терапевти имаат големо искуство со соништата и можат да им помогнат на луѓето да развијат способност за “редизајнирање“ на сонот со што тој ќе заврши на начин кој што нема да биде вознемирувачки.
Љубовни соништа
Понекогаш, луѓето можат да имаат соништа со многу интензивно изразени емоции, соништа кои што не се сексуални и во кои што постојат чувства на длабока љубов и поддршка на линост која што не е партнер во реалниот живот. Поради тоа, личноста која што има ваков тип на соништа се наоѓа во една состојба на конфузија бидејќи партнерот кој што е присутен во сонот не е истиот во реалниот живот.
Искуството покажува дека овој тип на соништа кажува дека не е се во ред во моменталната врска. Многу често преку нив се искажува недостаток на љубов во брачната заедница или во долгата врска. Ако имате вакви соништа и сте вознемирени од истите, можете да разговарате со партнерот за евентуалните проблеми во вашата врска или да посетите терапевт.