Секс пози за поголема блискост со партнерот

Сексуални пози со кои се гарантира поголема интимност со вашиот партнер се: седло, клуч и образ до образ. Во позата седло, истражувајте со рацете, во позата клуч партнерот ве масира, додека  позата образ до образ овозможува слатки шепотења.

Седло

Партнерот да седне на столче, а партнерката  кај него во скут, со  свиткани колена префрлени од секоја страна на партнерот- во поза на седло.

„Позите во кои сте свртени еден кон друг се добри доколку сакате да покажете љубов и поврзаност, се гледате во очи во текот на сексот или ја допирате другата личност колку што можете“ објаснува Мариса Бенет, авторка на сексуалниот прирачник „ Педесет нијанси екстаза“, и додава: Сите најчесто следиме иста рутина и лесно е да отидеме до оние исти запалени точки кои ги допираме речиси секој пат. Затоа кога ќе ја пробате оваа поза, оставете ги рацете да се играат на некој нов начин„.

Клуч

Оваа поза е доста интимна но положбата може да предизвика вкочанетост во грбот и рамениците .Затоа маслото за масажа нека ви биде при рака. Ова е одлична поза бидејќи партнерката е свиткана под необичен агол, а тоа ви овозможува да се зближите еден до друг.

Креветот како потпирач

Доколку сакате да се гледате во очи во стоечка положба, употребете го креветот. Партнерот нека застане до креветот, свртен со грбот. Таа ќе го гушне со рацете, со подигнати нозе на креветот и ќе ги стави стапалата на секоја страна од телото на партнерот. Тој со едната рака ја привлекува кон себе, а другата ја држи под нејзиниот бут како дополнителна поддршка. Таа може потпирајќи се на креветот да се подига и спушта.

Образ до образ

Таа лежи со лицето на работ на креветот потпирајќи се со рацете на подот. Партнерот е испружен преку партнерката, а рацете ги става на подот покрај нејзините. Со оглед на тоа дека партнерот се потпира на подот со рацете  и својата тежина е наслонета на нив, не го стиска нејзиниот граден кош. Така ќе можете да бидете образ до образ и еден на друг да си кажете се што ќе посакате.