Ќе го започнам овој текст со резултати од едно истражување што го спроведов. Накратко ќе кажам дека сите луѓе доколку отидат на очен лекар, ќе им најдат барем минимален диоптер. Затоа и би укажала на важноста на ова прашање, не попусто е изреката Очите се огледало на светот…
Во денешно време, со секојдневното зрачење од компјутерите, лаптопите, телефоните, брзата храна и загадувањето очите се изложени на многу голем ризик. Не мислиме многу на нив се додека не се појави некој посериозен проблем, кој за жал на крајот може да биде фатален. Доколку отидете на очен лекар сигурно ќе ви даде одреден диоптер, па затоа заштитете се навреме и не дозволувајте постојано да ви се зголемува диоптерот. Голем фактор е генетиката, нешто што не може да се промени, но постојат некои навики и совети кои треба и може да ги практикувате, како здрава исхрана и доволно витамини и минерали потребни за очите.
Се прашувате што е клучот за витамините кои ви се потребни за здравјето на очите и за заштита на видот. Прв чекор е здравата исхрана, овошје и зеленчук, но не преработени. Зачувајте ги антиоксидантите во вашата храна со тоа што ќе ги јадете веднаш по миењето и сечењето и ќе готвите на многу ниска температура за да избегнете уништување на деликатни фитонутриенти. Обидете се, исто така, да купите органски, свежи, зеленчуци и овошја, за да добиете највисоки концентрации на витамини и најниски количини на пестициди или други токсични хемикалии.
Погледнете што е клучно за здравјето на очите:
Моркови и сок од морков;
Зелен лиснат зеленчук (репка, кељ, синап, спанаќ);
Брокула, карфиол, зелка;
Цитрусни плодови (портокали, грејпфрут, лимон и лимета);
Слатки компири;
Грав;
Јајца (вклучувајќи ја жолчката);
Бобинки;
Папаја, манго, киви, диња;
Пченка;
Црвени пиперки;
Грашок;
Ореви и семиња (сончоглед, сусам, лешник, бадем, бразилски ореви, итн.);
Морски плодови, омега-3 храна и храна богата со цинк (лосос, скуша, сардини, харинга, халибути, туна, итн.);