Само за дами: Како никогаш да ве болат стапалата од високите потпетици

Пред да ги облечете вашите нови чевли, кои специјално сте ги купиле за важен настан , потребно е најпрво да ги “разгазите”. Одете во нив околу куќата барем два часа, по можност во хулахопки или тенки чорапи. Облечете ги најмалку 20 минути пред да тргнете некаде.

Висина на потпетици

Висината на потпетиците зголемете ја по малку. Носете најпрвин едни чевли од пет, па потоа од седум, десет или повеќе сантиметри. Ако ги немате сите модели на располагање, вежбајте со стол. Опуштете ги прстите, подигнете се на нив, држејќи ги петите во воздух. Повторете го тоа неколку пати и ќе ги зајакнете вашите нозе.

Стабилност

Завртете ги нозете од надворешна страна – тоа ќе им даде стабилност на колковите, а и зглобовите ќе бидат постабилни.

Релаксирајте се

Зајакнувајте ги стомачните мускули, долниот дел на грбот, колковите. Ако сте силни во средниот дел на телото, ќе исчезне вкочанетоста во екстремитетите. Додека одите во високи потпетици, опуштете ги колената.

Одете нежно

Многу од жените мислат дека гламурозното одење во високи потпетици вид на пренамагање. Ако сакате да одите женствено, опуштете се. Идејата е да не изгледате напнато, туку лежерно, со многу самодоверба.

Важни се и рацете

И рацете мораат да бидат релаксирани и нежно да се нишаат покрај телото. Поместете ги рацете во лактите, така што подлактицата да биде слободна.

Грижа за стапалата

Редовно масирајте ги нозете, па макар и по неколку минути на ден. Нозете треба да бидат во совршено издание, за да изгледате прекрасно во високи потпетици.