Храна и пијалоци кои се причина за честите главоболки

За одредени производи се верува дека предизвикуваат дури 30 % од мигрени и главоболки. Затоа е многу важно што јадете. Ако страдате од чести главоболки, избегнувајте производи од оваа листа, која потенцијално ја поттикнува главоболката.

1. Кисела храна

Производите кои се закиселени, ферментирани или на некој начин маринирани, неретко содржат моносодиум глутамат, попознат како МСГ. Тоа е засилувач на вкусот за кој е докажано дека ја поттикнува и активира мигрената. Иако американската ФДА тврди дека е сигурен, неговите ефекти и понатака се спорни.

2. Кинеска храна

МСГ обично се додава во азиската храна, особено кинеската како средство за подобрување на вкусот. Останатите производи кои можат да содржат МСГ : лименки со супа, смрзната храна, преработена храна, зачини и конзервиран зеленчук. Поради контроверзи околу МСГ, производителите на храна се должни тоа да го наведат на етикета.

3. Чоколадо

Чоколадите содржат кофеин, исто како и газираните сокови, чајот, кафето и енергетските пијалаци. Во мали дози, кофеинот во производите и пијалаците може да ја зголеми будноста, како и да помогне подобро да се апсорбираат лековите против болки, како и против главоболки. Но, големите дози на кофеин, какви што имаат енергетските пијалаци, можат да предизвикаат раздразливост, несоница, вознемиреност и мигрена. Освен тоа, долгорочната консумација на кофеин може да создаде хемиска толеранција во телото, но ако се престане одеднаш со консумацијата, тоа може да предизвика мигрена.

4. Сирење со благородна мувла

Тираминот, природниот моноамински дериват на тирозната аминокиселина природно се наоѓа во многу производи, а се смета како причинител за мигрената. Сирењата со благородната мувла, како што се синото сирење, пармезанот и чедарот содржат тирамин, а го има и во сушени колбаси и пушена риба.

5. Виршли

Многу брендови на виршли, салами, колбаси, месни доручеци и фефероните обично содржат тирамин. Овие производи обично содржат конзерванси на натриум нитрат, кој може во многу ситуации да бидат причинители за мигрена.

6. Кромид

Не само заради сечењето на кромидот може да заплачете, туку по неговото консумирање, можете да добиете и главоболки. Имено, и кромидот содржи тирамин.

7. Диетални газирани сокови

Бројните диетални сокови, грицки и ниско калорични слатки го содржат вештачкиот шеќер аспартам. Оваа замена за шеќерот поврзана е со главоболки и мигрена, особено кај луѓето кои редовно го консумираат во подолг временски период.

8. Алкохолни пијалаци

Црвеното вино може да биде поврзано со зајакнати мигрени, но и пивото, како и белото вино можат да предизвикаат сериозни главоболки. Имено, и пивото и виното содржат тирамин. Исто така, алкохолот го зголемува протокот на крв во мозокот, што може да предизвика мигрена или да ги зголеми ефектите на постојана мигрена.

9. Прескокнување на оброк

Прескокнување на оброци може да предизвика намалување на нивото на шеќерот во крвта, што може, сепак, да доведе до мигрена. Ако сте склони кон мигрена, јадете редовни оброци и урамнотежено количество на овошје и зеленчук, цели житарки и немрсно месо, така што телото нема да остане гладно до следниот оброк.