Сите сакаат да ја намалат телесната тежина и здраво да се хранат. Според новите истражувања, клучот на успехот се наоѓа во времето кога ги јадете оброците. Откријте во кое време е најдобро да појадувате, ручате и вечерате.
Научниците истакнуваат дека најдоброто време за појадок е некаде после 7 часот наутро, а идеално време е 7 часот и 11 минути. Ручекот е добро да се јаде во периодот помеѓу 12: 30 и 13 часот, а идеално време е во 12: 38 часот.
Вечера по 19 часот би можело да биде катастрофално за диетата и губењето на тежината, најдобро е да вечерате во 18:30, а идеално време е во 18:14.
Истражувањето покажа дека околу 84 проценти од испитаниците веруваат дека времето на оброците е од клучно значење за губењето на тежината, додека 76 проценти рекле дека појадокот е најважниот оброк во текот на денот и тоа им помага да внесат помалку калории во телото.
Шест од десет испитаници сметаат дека прескокнувањето на оброците го отежнува губењето на килограмите. Истражувањето покажува дека оние кои сакаат да ги намалат килограмите би требало да се придржуваат до старото правило: Појадувајте како цар, ручајте како принц, а вечерајте како сиромав.
Резултатите покажуваат дека четирите часа, во периодот од 18 до 22 се клучни бидејќи токму во тоа време сме склони на грешки и може да се случи да го јадеме она што не треба, и тоа во големи количини.
Трите главни оброци во текот на денот треба да имаат помеѓу 400 и 600 калории. Во подоцнежните часови на утрото и попладнето може да се консумира ужина со низок процент на маснотии.