Како да познаеш дека имаш ДИГИТАЛНО УМОРНО ОКО?

Мобилниот телефон несомнено е една од трите работи без кои не излегуваш од дома.

Да, модерниот човек е толку зависен од овој паметен уред, што и тебе барем еднаш ти се случило, да бараш каде ти е мобилниот телефон додека истовремено го користиш за разговор.

Но, да не излезе дека зборуваме од памет, статистиките го говорат следново:

На земјината топка живеат (од скоро) 8 милијарди луѓе.

6.7 милијарди од нив имаат мобилен телефон, додека само 4.5 имаат веце-школка.

Фасцинантни сме ние луѓето, зар не?!

Вистина е дека паметните уреди (мобилните телефони, таблети, преносни и статични компјутери, телевизори) многу го олеснуваат секојдневнието на човекот. Но, технологијата си го зема својот данок – на социјалниот живот и на здравјето.

Освен што се предвидува дека поради постојано зјапање во мобилен телефон, поставеноста на човековиот скелет драстично ќе се промени во годините кои следуват, цената ја плаќаат и очите.

10% од светската популација ќе има високо развиена кратковидост до 2050, најмногу како резултат на паметните телефони, а на најголем удар се децата.

За жал, тоа не е се!

ШТО Е СИНА СВЕТЛИНА?

Сината светлина претставува дел од видливиот спектар на светлината и игра важна улога во формирање на сончевата светлина. Но, освен во составот на сончевата светлина, сината светлина е дел од вештачкото осветлување и светлината која доаѓа од паметните уреди (телевизори, таблети, мобилни телефони, компјутери).

Сината светлина е важна за човековиот биоритам. Бидејќи е присутна во сончевата светлина, сината светлина нѐ држи будни. Го поттикнува излачувањето на стрес-хормонот кортизол. Преку ден, кортизолот ни е неопходен за да бидеме концентрирани, фокусирани, будни и свесни. Меѓутоа, кортизол во ноќните часови, предизвикува вознемиреност, анксиозност, премореност, несоница.

ШТО Е ДИГИТАЛНО УМОРНО ОКО?

Дигиталното уморно око уште се нарекува компјутерско око. Се јавува како резултат на преголема изложеност на сина светлина од паметен уред.

Кога гледаш во монитор, бројот на трепкања на окото се намалува за 50%.

Тоа предизвикува суви очи, еден од првите симптоми на дигитално уморно око. Останатите се:

  • Болки во очите
  • Замор
  • Главоболки
  • Заматен вид
  • Вкочанетост на вратот, рамениците и грбот
  • Зголемена чувствителност на светлина
  • Намалена концентрација

КАКО СИНАТА СВЕТЛИНА ГО УНИШТУВА ОКОТО И ВИДОТ?

Сината е светлина со најкратка должина на бранови и најсилна енергија. За разлика од другите зраци во светлосниот спектар кои патуваат до леќата на окото, поради нејзината должина и силна енергија, сината светлина минува низ леќата и паѓа на самата мрежница.

Предолгата и пречеста изложеност на сина светлина ги уништува клетките на мрежницата и може да предизвика многу проблеми со видот како макуларна дегенерација или миопија (кратковидост).

ШТО ТЕ ШТИТИ ОД СИНА СВЕТЛИНА?

Кратко и јасно – лутеин и зеаксантин.

За заштита на кожата од сонце, користиш крем со заштитен фактор. Тоа го прават за очите лутеинот и зеаксантинот. Станува збор за единствените каротеноиди кои се акумулираат во мрежницата, особено во делот на макулата. Се нарекуваат и макуларни пигменти бидејќи ја апсорбираат вишокот светлосна енергија. Лутеинот и зеаксантинот ја забавуваат прогресијата на макуларна дегенерација, болест на очите која води до слепило.

Dr. Viton – Ovidox претставува склоп на хранливи состојки кои заедно со лутеинот и зеаксантинот му ја даваат соодветната заштита на окото.

Ovidox е збогатен со екстракт од боровинка со антиоксидативни моќи, омега 3 од рибино масло, цинк и бакар и витамин Е.

Ваквата комбинација превенира и пролонгира појава на дегенеративни болести на очите, го намалува дигиталниот замор и е соодветен заштитник на видот за сите кои минуваат долго време пред екраните. Нарачај уште веднаш!

Dr. Viton – Ovidox можеш да го нарачаш онлајн!