Ресвератрол – омилен додаток на убавите и младолики французи

Виното, а особено црвеното вино, долго време се проучува. Доказите сугерираат дека умерената употреба може да им помогне на луѓето да живеат подолго, да се заштитат од одредени видови на рак, да го подобрат менталното здравје и да го подобрат здравјето на срцето. Пред неколку векови, виното се користело за разни здравствени услови. Средновековните манастири биле убедени дека нивните монаси живееле подолго од останатиот дел од населението делумно поради нивната умерена, редовна консумација на вино. Во последниве години, науката покажала дека ова може да биде вистина.

Овој пијалок на Боговите се користи илјадници години поради неговите лековити својства. Истражувањата во минатото потврдуваат дека црвеното вино и црвените бобинките може да влијаат на намалување на воспаленија, да спречат срцева болест, па дури и поволно да делуваат на некои видови рак. Што е причината за ваквите придобивки?

СВРТИ ГО ТРКАЛОТО НА СРЕЌА И ОСВОЈ ПОПУСТ ДО 40% ПОПУСТ ВО АЛФАЛАБ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА ПОЧЕКАТЕ 30 СЕКУНДИ ЗА ДА ВИ СЕ ПОЈАВИ ТРКАЛОТО ЗА ПОПУСТ.

ЗА ДА ЗАПОЧНЕТЕ КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

Брзи факти за придобивките од црвено вино:
Црвеното вино содржи големо количество ресвератролот и има разни здравствени придобивки.
Ресвератролот може да го зајакне здравјето на срцето, да ги заштити луѓето од некои видови на рак.
Грозјето и бобинките се подобар извор на ресвератрол отколку црвено вино, па затоа јадењето е веројатно полесно отколку пиење вино.
Сепак, доколку си сакате да пиете, црвено вино се чини дека е поздраво од некои други видови на алкохолни пијалоци.
Жените не треба да пијат повеќе од една чаша дневно, а мажите, две чаши.

Ресвератрол
Здравствените придобивки од црвеното вино се препишуваат на присуство на ресвератрол, соединение за кое се верува дека нуди голем број бенефиции. Ресвератрол е соединение кое некои растенија го произведуваат за борба против бактериите и габите и за заштита од ултравиолетово (УВ) зрачење. Ресвератролот во виното доаѓа од лушпата на црното грозје. Боровинки, бобинки и кикирики се исто така извори на ресвератрол и тоа е достапно во форма на додаток. Доказите сугерираат дека во некои форми, ресвератролот може да го зајакне кардиоваскуларното здравје, да се заштити од рак и да помогне во лекувањето на акните.

Некои од вас можеби слушнале, некои не, состојката која е одговорна за неутрализирање на неповолностите од исхраната се нарекува Ресвератрол. Се наоѓа во лушпата на семката на грозјето..

Француски парадокс 
Сигурно се прашувате како е можно французите да јадат толку сирење и месо, да пијат вино, а да изгледаат толку млади. Интересен е парадоксалниот однос на масна\млечна висококалорична храна и ниската појава на кардиоваскуларни болести меѓу нив. Во наредните години се вршеле многу истражувања и било откриено дека тајната состојка која постои во црвеното вино е Ресвератролот, кој има антиоксидантно кардиопротективно дејство.

Па кој вели дека не е здраво да се заврши денот со чаша сортно вино, сигурно греши.

Црвено или бело вино?
Се чини дека ресвератролот е основен дел од здравствените придобивки на црвено вино. Црвеното вино содржи повеќе ресвератрол отколку белото вино, бидејќи се ферментира со лушпи, а белото вино не. Поголемиот дел од ресвератролот кај грозјето е во семињата и лушпите, па затоа…црвено вино нека биде вашиот избор.