РЕЦЕПТ: Колач со банана и нутела

Ако сакате во овие студени зимски денови да печете, го обожувате мирисот на свежо печен леб или колачи, еве еден одличен рецепт во кој се сплотени путерот, бананата и чоколадото.

15434360384_f40769ef3f_b

Потребно:

  • 250гр. сенаменско брашно
  • 1 ½ лажица прашок за печиво
  • ½ лажица сол
  • 1 лажица цимет
  • 6 лажици стопен несолен путер
  • 125гр. шеќер
  • 2 јајца
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 5 банани , пасирани
  • 1/3 слатка павлака
  • 75гр. парчиња какао (чоколадо)
  • 75гр. Нутела

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 150 степени. Измешајте ги брашното, прашокот, циметот и солта во еден сад, а шеќерот и путерот измешајте ги во друг, па додајте ги јајцата, ванилата, слатката павлака, бананите и нутелата. Измешајте ги да се соединат. Ставете ги во посебен калап за печење и ставете ги да се печат 15- 20 минути.

15869361480_4a08fcc3a4_b 15869191448_1ce2b7fa03_b